Македонија Бизнис

Има или не реално поскапување на живејачката за една година?!

Секаде во светнот, но нее имун ни Македонија, растат трошоците за живот, а растат и платите – но не кај сите. Македонските граѓани на прагот на летото се соочуваат со пораст на цените. Тоа го потврдуваат најновите статистички податоци, кои покажуваат дека трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, се […]

Секаде во светнот, но нее имун ни Македонија, растат трошоците за живот, а растат и платите – но не кај сите. Македонските граѓани на прагот на летото се соочуваат со пораст на цените. Тоа го потврдуваат најновите статистички податоци, кои покажуваат дека трошоците на животот во мај 2025 година, во однос на април 2025 година, се зголемиле за 1,5%. Зголемувањето на инфлацијата, според Државниот завод за статистика, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот на храната и пијалоците за 4.1%, за разновидни стоки и услуги за 1.5%, алкохолни пијалoци, тутун и наркотици за 0.8%, како и за облека и обувки за 0.5%.

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, изјави дека нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи, но потврди дека има поскапувања кај сезонски производи. Статистиката, пак, покажува дека за една година трошоците на животот се зголемиле за 3.3 %.

Граѓаните во мај имале поголеми издатоци и за рекреација и култура, за купување мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата. Во меѓу време, новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески по назначувањето на функцијата најави фиксен девизен курс и ниска и стабилна инфлација во рамки на таа во еврозоната, заштита на интересите на граѓаните и стопанството.

  • „Единствено што треба да се трудиме, што е и законска цел на НБРМ, во соработка со фискалната власт, односно Министерството за финансии, да обезбедиме ниска инфлација, односно стабилност на цените. Инфлацијата да биде во рамките на онаа во еврозоната, затоа што само така ќе одржуваме и конкурентност на нашата економија. Доколку како во изминатите неколку години имаме инфлација или стапка на инфлација двојно повисока од таа во еврозоната, тоа не е пожелна состојба“, вели Славески.

Според него, ставот на Владата е дека само ниска и стабилна инфлација која нуди предвидливост и за граѓаните и за бизнисот може да биде основа и поддршка на развојните политики во иднина кои ќе обезбедат стабилен посакуван раст на македонската економија и на среден и на долг рок.

Деновиве и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, рече дека проблемот околу инфлацијата, просечната плата е малку покомплексен и треба време за да се среди.

  • „Работиме во континуитет, не сме застанале во тој дел“, децидна е министерката.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа и сиот свој живот го бранеше македонскиот јазик како столб на македонскиот идентитет – столб кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Најнови вести

To top