Македонија

IN MEMORIAM: Последен поздрав за Проф. д-р Катерина Мирчевска од ИНИ

Замина посветен истражувач и врвен професионалец, која со својата научна работа, човечка доблест и колегијалност остави длабока и неизбришлива трага во македонската историографија

Со длабока тага ја известуваме научната и пошироката јавност дека денес, 3 јули 2026 година, по кратко боледување, почина нашата почитувана колешка, проф. д-р Катерина Мирчевска, објави Институтот за национална историја.

Проф. д-р Катерина Мирчевска беше долгогодишен научен советник во Институтот за национална историја, посветен истражувач и врвен професионалец, која со својата научна работа, човечка доблест и колегијалност остави длабока и неизбришлива трага во македонската историографија и во животот на нашата институција.

Нејзиниот богат научен опус, професионален интегритет и искрена посветеност кон науката ќе останат трајно сведоштво за нејзиниот придонес во развојот на историската наука во Македонија.

Институтот за национална историја изразува искрено и длабоко сочувство до нејзиното семејство, роднините, пријателите и сите што имаа чест да соработуваат со неа.

Слава ѝ и вечен спомен, стои во објавата на Институтот за национална историја.

Најнови вести од: Македонија

ФЕРО ИНВЕСТ втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

Еминентни професори и медицински експерти од Европа и САД учествуваа на Регионалната школа за срцева слабост, која придонесува за развојот на македонската кардиологија и нејзиното позиционирање на европската мапа на стручни едукативни настани.

To top