Македонија

IN MEMORIAM: Замина легендарниот македонски лекар и пратеник

Последен поздрав до еден од најпочитуваните луѓе во Преспа, Пелагонија и цела Македонија

Во 71. година од животот почина познатиот македонски доктор и поранешен пратеник од ВМРО – ДПМНЕ Васко Мицевски кој важи за еден од најпочитуваните луѓе во Преспа, Пелагонија и цела Македонија.

Д-р Васко Мицевски е поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија, избран како член на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Роден е на 1 јануари 1955 година во Битола, Република Македонија.

Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, по што се стекнал со звање лекар. По специјализација работи како специјалист интернист.

Пратеничка активност

За време на својот мандат како народен претставник, д-р Мицевски активно учествувал во работата на повеќе собраниски тела и комисии, меѓу кои:

Член** на Комитетот за односи меѓу заедниците
Член** на Комисијата за локална самоуправа
Заменик-член** на Комисијата за здравство
Заменик-член** на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот
Заменик-член** на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите

Исто така, бил член на пратеничките групи за соработка со парламентите на Канада и на Руската Федерација.

Со своето професионално искуство како лекар и активноста во собраниските комисии, д-р Васко Мицевски особено се фокусирал на прашањата од областа на здравството, локалната самоуправа и меѓуетничките односи.

Потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски на социјалните мрежи објави сочувство до семејството и најблиските на Д-р Васко Мицевски од Ресен.

,,Истакнат лекар на кого грижата за здравјето на луѓето му беше на прво место. Достојно ги извршуваше и функциите поранешен пратеник во Собранието на Македонија и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ресен. Но, најважно од сé, беше добар човек, спремен да помогне секому, почитуван од своите сограѓани и високо ценет од неговите колеги. Познанството со него беше чест да за секој што му беше пријател и за секого што имал прилика да соработува со него”, напиша Милошоски.

Најнови вести од: Македонија

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

(Фото+Видео): Нова авиолинија Скопје-Тиват, наскоро директно од Скопје до црногорското приморје

Станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

Овие иницијативи се надополнување на бројните активности што компанијата континуирано ги реализира за своите вработени во рамките на платформата РЕсет, со цел поттикнување здрави животни навики, личен развој и целокупна добросостојба.

Мицкоски: Очекувам победа на ВМРО ДПМНЕ во Брвеница! Да се гласа не за етнички поделби, туку за подобар живот во Македонија!

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница, во вториот круг. Во првиот круг имавме најмногу гласови, речиси 3000, очекуваме тој број на гласови да го зголемиме. Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – изјави денеска премиерот и лидер на владејачката македонска партија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вториот круг за избор на градоначалник на општина Брвеница.

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести

To top