Македонија

Инстант лоз „Титаниум“ на Државна лотарија

Со лозот „Титаниум“, Државна лотарија продолжува да ја збогатува понудата на инстант игри што носат возбуда и надеж. Лоз што носи уникатна можност за освојување автомобили и парични добивки, создаден за сите љубители на возбуда и адреналин.

Фондот на добивки е особено привлечен и вклучува: 14 премии – 7 автомобили Ford Focus Titanium, 7 автомобили Ford Kuga ST-Line X како и различни парични добивки, кои дополнително го збогатуваат фондот и ја прават играта интересна за секој учесник. Правилата се едноставни: За да се освои автомобил, потребно е во полињата за гребење да се пронајдат три исти симболи KUGA или FOCUS. За парична добивка, пак, потребно е да се изгребат три исти износи.

Со секој лоз, играчите добиваат можност да ја почувствуваат возбудата на играта и да станат дел од светот на добивките. „Титаниум“ е создаден за оние што сакаат динамика, добивки што навистина го менуваат животот и искуство што носи радост и надеж. Со инстант лозот „Титаниум“, секој може да стане дел од возбудливата приказна на добивките, а доволен е само еден среќен лоз за нов автомобил или парична добивка.

Со инстант лотарија на Државна лотарија, секој ден е нова шанса за убаво изненадување, а секое гребење е ново возбудливо патување. Играјте одговорно, уживајте во забавата и дозволете среќата да ви донесе нови можности!

Најнови вести од: Македонија

Samsung продолжува да бележи рекордна продажба на серијата Galaxy Z8 во Европа, при што продажбата на Galaxy Z Fold8 и Fold8 Ultra е зголемена за речиси 50% на годишно ниво

Сообраќајот од пребарувања за уредите на Samsung со преклопен екран во Европа се зголеми за над 260%, при што во септември достигна скок од 460%

Димитриеска-Кочоска: Со вториот ребаланс ги усогласуваме проекциите со реалните економски движења

Вкупните приходи во вториот ребаланс се планирани на 374,2 милијарди денари, а дефицитот останува на ниво од 46,3 милијарди денари или 4,1 отсто од БДП. Проекциите за економскиот раст и за инфлацијата се задржуваат на 3,5 проценти, додека најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари.

(Фото): Неколку илјади посетители на прославата на третиот роденден на „Diamond Mall“ со Петар Грашо и Јелена Розга

Diamond Mall го одбележа својот трет роденден со голема прослава за посетителите, истовремено продолжувајќи ја својата определба да создава долгорочна вредност за заедницата.

Татарчев: Македонија не е само територија, или политичка цел, туку и должност и вечна идеја на македонскиот народ!

„За Татарчев, Македонија не е само територија или политичка цел. Таа е духовна категорија. Таа е светилиште на колективната меморија, поврзана со јазикот, родот, верата и моштите на предците. Со оваа формулација тој ја издигнува Македонија над дневната политика и ја поставува во сферата на историската и националната светост.“ – се нагласува во статијата со наслов „Македонија како култ, должност и вечна идеја“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Црни прогнози на ОН за Македонија: ќе има само 868 илјади жители до 2100, за 960 илјади помалку одошто во 2024!

Обединетите нации прогнозираат драматичен пад на бројноста на населението во земјите на поранешна Југославија – од 18,3 милиони изброени во во 2024 година, до само околу 10 милиони до 2100 година.

To top