Македонија

Интензивно се гради на потегот од Клименштни до Охрид (ВИДЕО)

Премиерот посочи дека работата се одвива на целата траса, каде што минатата недела беа пуштени првите 20 километри

Премиерот Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук, преку видео објава информираше за засилените градежни активности на потегот од Климештани до Охрид, дел од новиот автопатски коридор. Тој тврди на терен се ангажирани помеѓу 1.100 и 1.200 работници, придружени од над 400 камиони и повеќе од 100 градежни машини, меѓу кои и булдожери и специјализирана механизација за потпорни конструкции.

Премиерот посочи дека работата се одвива на целата траса, каде што минатата недела беа пуштени првите 20 километри. Премиерот ја искористи објавата за да ја истакне посветеноста на Владата кон, како што рече, темелни и долгорочни промени во инфраструктурата.

Информацијата ја сподели и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој, исто така, го објави видеото на социјалните мрежи.

Според најавите, делницата од Климештани до Охрид се очекува да биде отворена за сообраќај до крајот на летото.

Најнови вести од: Македонија

БАЛКАНСКИОТ ЕРУСАЛИМ: Зошто Македонија е европскиот бисер кој мора да се посети

Богата култура, недопрена природа, преубави панорами, гастрономски специјалитети и исклучително гостопримливи луѓе – ова се само дел од адутите со кои Македонија се етаблира како задолжителна европска дестинација за светските патници

To top