Македонија

Интерпол ќе ги обучува идните полицајци како да се борат со организираниот криминал

Полициската академија ќе им даде соодветна обука на идните млади полициски службеници за борбата со организиран криминал

Полициската академија ќе им даде соодветна обука на идните млади полициски службеници за борбата со организиран криминал. Ќе добијат и најнови меѓународни знаења, искуства и нови методи за работа како резултат на зајакнувањето на соработката меѓу Македонија и Интерпол. Со размена на експерти и обучувачи, нови наставни програми, организација на семинари и работилници, полицијата поефикасно ќе се справува со современите закани.

„Веруваме дека ваквата соработка ќе придонесе за создавање нови можности за академски и професионален развој, унапредување на меѓународната полициска соработка и подготовка на нови генерации на полициски службеници способни ефикасно да одговорат на современите безбедносни предизвици“– вели Влатко Митковски, раководител на центарот за обука при МВР.

Од Интерпол велат дека технологијата и вештачката интелегенција секојдневно го менуваат дејствувањето на криминалните мрежи, па поради тоа, соодветната обука е од големо значење. Извршниот директор ги охрабри кадетите да не се откажуваат – иако професијата бара голема одговорност, носи и чувство на исполнетоств во служба на татковината.

„Интерпол високо ја цени активната вклученост на македонската полиција во нашите глобални операции и иницијативи. Современите закани бараат меѓународен одговор, а Северна Македонија е доверлив партнер кој покажува професионалност, посветеност и подготвеност да придонесе во заедничката борба против транснационалниот криминал. Ќе продолжиме заедно да ги јакнеме капацитетите, да ја унапредуваме размената на информации и да инвестираме во новите генерации полициски професионалци“, истакна генералниот секретар на Интепрол, Валдеси Уркиза.

Инаку, по 26 години повторно се враќа и средното полициско училиште. Првата генерација на 200 ученици, од септември ќе престојува во интернат во Идризово каде што ќе има обуки и предавања. Условите за упис вклучуваат добро здравје, психофизичка способност и најмалку „добар“ успех. По успешното завршување на школувањето, МВР ќе им обезбеди на матурантите работно место како полицајци.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top