Македонија

Инвестиција од 74 милиони денари во тетовската болница

„Ова е инвестиција во достоинството и безбедноста на пациентите, како и во подобри услови за здравствените работници. Нашата цел е граѓаните на Тетово и Полошкиот регион да добиваат модерни и навремени здравствени услуги, што е можно поблиску до нивното место на живеење“, нагласи министерот Клековски.

 

Министерот за здравство Сашо Клековски, заедно со градоначалникот на општина Тетово Билал Касами, директорот на тетовската болница, Ерзен Елези, и директорот на Фондот за здравствено осигурување Златко Перински, денес ја посетија тетовската болница.

За време на посетата беше презентиран концептот за целосна реконструкција, проширување и опремување на болницата. Проценетата вредност на планираната инвестиција е околу 4,56 милијарди денари, или приближно 74 милиони евра, додека конечниот модел на финансирање ќе се утврди по завршувањето на потребните анализи и процедури.

Проектот предвидува реконструкција и модернизација на Хируршкиот блок и Блокот за внатрешни болести; изградба на нов павилјон за повеќе медицински дејности; посебен објект за гинекологија, акушерство и неонатологија; снабдување со современа медицинска опрема и информатичко-технолошки системи; отстранување на амортизираните објекти и целосно реновирање на болничкиот комплекс.

„Ова е инвестиција во достоинството и безбедноста на пациентите, како и во подобри услови за здравствените работници. Ова е најважниот проект за граѓаните на Полог.

Градоначалникот на Тетово Билал Касами рече дека капиталните проекти на Владата не запираат, без оглед на тоа кој е министер.

„Ова докажува дека капиталните проекти на оваа влада не зависат од тоа кој е министер. Сега, со новиот министер, заедно со претставници на Светската банка, излеговме на терен и од денес започнува постапката за еден поважен проект за западниот дел од Македонија. Цврсто веруваме дека овој проект ќе биде во служба на граѓаните од овој дел од Македонија што е можно поскоро“, рече Касами.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Годинава обезбедени 243 милиони евра за автопатите

Изградбата на автопатите не е одговорност само на Јавното претпријатие за државни патишта, туку на целата држава, со оглед на тоа што станува збор за капитални инвестиции од стратешко значење, изјави министерот

To top