Македонија

Историски договор Македонија – САД: Некои производи со ,,0″ царина

Заедничка изјава на Белата Куќа и Илинденска

Соединетите Американски Држави и Република Македонија постигнаа Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти Белата куќа.

Договорот има за цел да ги зајакне билатералните економски односи и да обезбеди проширен пристап на извозниците од двете земји до нивните пазари.

Според договорената рамка, Македонија ќе ги укине царинските давачки за сите американски индустриски и земјоделски производи што се извезуваат на македонскиот пазар. Од своја страна, САД ќе ги задржат реципрочните царини од 15 проценти за производите со потекло од Македонија, во согласност со релевантните извршни наредби, но ќе идентификуваат и одредени производи што ќе добијат нулта царинска стапка.

Двете земји ќе разгледуваат и дополнителни измени на тарифите по финализирањето на договорот, земајќи ги предвид трговскиот биланс и други релевантни фактори.

Во рамки на договорот, САД и Македонија ќе работат на адресирање на нетарифните бариери што влијаат врз билатералната трговија, особено во приоритетните сектори.

Предвидени се и консултации за спречување и надминување на пречки за американските земјоделски производи на македонскиот пазар.

Дополнително, двете држави се обврзаа да ја продлабочат соработката во областа на економската и националната безбедност, со цел зајакнување на отпорноста на синџирите на снабдување и поттикнување иновации. Ова вклучува координација во однос на инвестиционите контроли, извозните режими и спречување на избегнување на царински давачки.

Во енергетскиот сектор, се нотира изградбата на новиот гасен интерконектор меѓу Македонија и Грција, што ќе овозможи диверзификација на изворите на енергија и зголемена енергетска безбедност. По неговото завршување, Македонија ќе започне со набавка на американски течен природен гас (LNG).

Македонија се обврзува да одржува високо ниво на заштита на животната средина и ефективно да ги спроведува еколошките закони, како и да разговара за зајакнување на заштитата на интелектуалната сопственост, вклучително и географските ознаки. Ќе се отворат и прашања поврзани со трудовото законодавство и дигиталната трговија.

Во делот на дигиталната економија, Македонија се обврзува да не воведува данок на дигитални услуги и да ја поддржи постојаната мораториумска одлука во рамки на Светската трговска организација за ненаметнување царини на електронски преноси. Потврдена е и заложбата за олеснување на трговијата со услуги и поддршка на иницијативите на СТО за домашна регулација на услугите.

Двете страни најавија дека ќе работат на финализирање на договорот, негово подготвување за потпишување и спроведување на потребните домашни процедури пред тој да стапи во сила.

Извор: whitehouse.gov

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Општина Охрид ги засилува активностите за затворање на депонијата „Буково“ и воспоставување нов систем за комуналниот отпад

Завршена е постапката за избор на проектант за изработка на техничката документација за затворање на нестандардната депонија „Буково“, а во тек се и активностите за изградба на претоварна станица кај Мауцкер и собирен центар во Охрид. Претоварните станици и Регионалниот центар за управување со отпад во Новаци се очекува да бидат функционални во 2030 година. Ова беше истакнато на денешната средба во Општина Охрид, посветена на новиот Регионален план за управување со отпад и воспоставувањето интегриран систем за Југозападниот и Пелагонискиот плански регион.

To top