Бизнис

Нема расположение за зголемување на минималецот од 1 јануари, рече Трендафилов по седницата на ЕСС

Како во 2022 година, веројатноста е дека и оваа 2026 година во јануари и февруари ќе преземеме конкретни мерки и активности за да се избориме за зголемување на минималната плата, а следствено на тоа да не заборавиме зголемување на сите останати плати, изјави претседателот на ССМ по седницата на Економско-социјалниот совет.

Владата и работодавачите нека седнат и нека се договорат за кој износ се подготвени да ја зголемат минималната плата, па нека нè повикаат нас, синдикатите, и нека ни кажат. Ова беше пораката што ја испрати претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, по денешната седница на Економско-социјалниот совет на Владата, на која, меѓу другото, стана збор и за растот на минималецот.

Трендафилов вели дека на седницата се дискутирало за потребата од зголемување на минималната плата и се лицитирале износи од 600, 700, 800, па дури и 1 000 евра. Според него, во моментов иако има желба кај сите, не постои расположение за зголемување на минималната плата од 1 јануари, па оттука рече дека македонските работници ќе ја дочекаат Новата година како најсиромашни на Балканот и во Европа.

  • „Од 1 јануари Албанија ќе има 500 евра минимална плата, 430 евра, па од јуни 500 евра во Косово, 550 евра во Србија, да не зборуваме за БиХ – минималната плата таму ќе биде колку просечната плата во Македонија. Ниту тоа не се доволни аргументи за нашите социјални партнери. За жал, претставниците од другите синдикати се неми за борбата за зголемување на платите и дури даваа поддршка на Владата и ја бранеа од дискусијата на претставниците на ССМ. Загрижени сме од ваквата состојба, загрижени се и работниците“, рече Трендафилов.

Уште еднаш ги повика Владата и работодавците да се договорат најбрзо што може за кој износ се подготвени да го зголемат минималецот, а во спротивно најави дека ССМ ќе иницира протести и штрајкови. Во оваа смисла претседателот на ССМ побара поддршка од работниците за следните чекори на Синдикатот бидејќи, како што рече, ако не се слушне јазикот на аргументите, ќе се слушне јазикот на работниците на друго место.

На денешната седница на ЕСС, премиерот Христијан Мицкоски рече дека Владата не е против зголемување на минималната плата, но дека зголемувањето мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите, постигната преку социјален дијалог и врз основа на реалните економски можности.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top