Македонија

Ивановска и Белчева застанаа против Герасимовски во Центар

Билјана Ивановска, која испадна во првиот круг од изборите, заедно со Јана Белчева од Независни заедно, на социјалните мрежи изразуваат остри ставови против кандидатот на СДСМ

„Ѓраѓаните мора да отворат очи …оти како тргнала работава на градоначалниците во кампања..”.НЕ МЕ ГЛЕДАЈТЕ ШТО ПРАВАМ СЛУШАЈТЕ МЕ ШТО ЗБОРАМ”… А СЕКОЈ ПРАВИ ТОА ШТО МУ СЕ ДОЗВОЛУВА… 🤑“ напиша Билјана Ивановска, кандидатка за градоначалник на општина Центар која испадна во првиот круг од изборите, и која заедно со Јана Белчева од Независни заедно, на социјалните мрежи изразуваат остри ставови против кандидатот на СДСМ, Горан Герасимовски.

Во нов судир меѓу локалната власт и активистите, новоизбраната советничка во Град Скопје и основач на иницијативата „Шанса за Центар“, Јана Белчева, го обвини градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, дека со проектот за „Треска“ се уништува јавниот интерес и се овозможува бетонизација на просторот. Од Општината возвратија дека Белчева манипулира и дека не се распродава државното земјиште, туку напротив – се предвидуваат нов парк, градинка и повеќе зелени површини од законскиот минимум. Судирот меѓу Белчева и Герасимовски покажува колку е тенка линијата меѓу политичкиот спин и урбанистичките факти, особено кога станува збор за највредното парче земја во срцето на Скопје.

Јана Белчева, основач на граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ и новоизбрана советничка во Советот на Град Скопје, јавно го нападна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Таа прашува како ќе живеат 5.000 луѓе на простор наменет за 1.500 жители, обвинува дека се сечат дрвја, се приватизира државно земјиште и дека е укинат архитектонски конкурс кој требало да го заштити јавниот интерес во поранешната индустриска зона „Треска“.Според неа, Герасимовски „еднострано и незаконски“ го отфрлил конкурсот за „Треска“, што го толкува како победа на инвеститорите над граѓаните.

Кандидатот на ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, во интервју изјави дека ја очекува поддршката од гласачите на Ивановска, зашто смета дека со неа имале иста визија за Центар.

– Со Билјана Ивановска практично имаме ист концепт и визија за Центар. Тоа го тврдам со целосна одговорност. Како показател ќе наведам дека на неколку предизборни дебати за најголемиот дел од прашањата и проблемите се надополнувавме со нашите ставови. Уште повеќе, по влегувањето во Општината, ќе бидат заедно советниците од сите партии и независни листи. Сите имаме заеднички делови од нашите програми, од што можеме да направиме еден сублимат, а тоа ќе бидат практично првите проекти што ќе се реализираат од новата општинска управа. Бидејќи, само сложна општина, надвор од партиските интереси и делби може да дојде до визијата која ја имам за Центар. А, таа не онаа што денес ја гледаме и тоа што ни се случува – рече Лабудовиќ.

Ивановска во првиот круг освои 4.465 гласа, а Лабудовиќ 5.707 гласа. Герасимовски во првиот круг освои 8.535 гласа.

Мирослав Лабудовиќ ја има поддршката од ВМРО-ДПМНЕ за кандидатурата во Центар.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top