Македонија

Ивор Мицковски: Денеска ДУИ вади на улица деца за права, кои самата не ги исполни додека владееше! Дваесет и две години власт и само етнички зулуми!

Остра реакција на новинарот и политички аналитичар кон „интегративците“ од тетовска Мала Речица во врска со денешниот протест на студентите-Албанци во Скопје околу полагањето правосуден испит на албански јазик.

Во објавата преку општствената мрежа Мицковски уште им порачува на Али Ахмети и неговите сопартијци од ДУИ: Досега ќе цутевме, да се погрижевте малку за квалитетот на живот, за јавната и граѓанска свест, за активизмот, за подобро образование и владеење со примена на принципот на заслуги, за почист воздух и поздрава средина, наместо само за зајакнување на сопствениот етнички клиентелизам!

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

To top