Македонија

За Мицковски, просто е неверојатно дека Филипче не чул оти Бугарија го негира македонскиот идентитет

„Чудим“ од аналитичарот и ексфункционер на СДСМ од правењето глув при уши на лидерот на неговата некогашна партија

Аналитичарот и поранешен функционер во СДСМ, Ивор Мицковски, не може да му се изначуди на лидерот на неговата поранешна партија Венко Филипче дека не чул(е) оти Бугарија го негира македонскиот идентитет.

„Прочитајте го убаво овој одличен текст и прочитајте му на Филипче, за да разберете со што се соочува Македонија со Бугарија и дека уставните измени не се единствениот услов. Венко Филипче изјави: ‘Не сме чуле никаде од Бугарија дека го негира нашиот идентитет’. Тоа би било помалку зачудувачко кога бугарските позиции навистина би биле нејасни, имплицитни или дипломатски прикриени. Но, тие со години се експлицитно формулирани во официјални државни документи, парламентарни декларации и позиции формално доставени до Европската Унија. Не станува збор за изјави кои треба да се толкуваат, да се бараат меѓу редови или да се извлекуваат од дипломатски разговори. Тие се јавно достапни, писмено фиксирани и институционално обврзувачки. Оттука, просто е неверојатно да се тврди дека нешто не е кажано кога тоа со години континуирано се повторува на најформален можен начин“, констатира Мицковски во објавата на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top