Македонија

Ја нарече Македонија срамна и остана без работа во Виена

Еден ден пред да ја загуби работата ја нападне Македонија каде лесно може да се најде пред обвинител

Неколку дена откако ја нападна Македонија затоа што наводно го кочела сообраќајот во регионот преку своите гранични служби австрискиот активист остана без работа.

Австриецот Гинтер Ферлингер кој бил плаќан од владата на СДСМ и ДУИ за селектирање контроверзни проекти во ФИТР кои сега се под истрага објави дека останал без работа во Австрија.

Ферлингер кој важи за лобист на Косово и Албанија тврди дека останал без работа поради српското либи во Виена.

Австриецот објави слика од пред Центарот за социјални работи во Виена обвинувајќи српски бизнисмен дека стои зад неговото бркање и е агент на српските тајни служби.

,,Сега сум невработен во Австрија во @ams_wien, а агентот на српската тајна служба БИА Синиша Пепиќ слави што ме отпуштија .. а неговите господари Александар Вучиќ и Милорад се задоволни од својот најдобар агент…”, објави Ферлингер.

На почетокот на Јули се пофали дека нашол работа во Рајфајзен банка која што по кампањата на српски профили на социјалната мрежа Х поранешен Твитер не траела ниту еден месец по што тој е повторно невработен.

Ферлингер заедно со екс министерот на Груевски Глигор Ташковиќ беа во првата комисија на владата на СДСМ и ДУИ која ги избра скандалозните проекти во ФИТР кога оваа институција ја водеше Коста Петров.

За проектите на ФИТР кој го водеа повеќе директори сега се води истрага која може да покаже корупција.

 

Еден ден пред да ја загуби работата ја нападне Македонија каде лесно може да се најде пред обвинител.

 

Зошто австриецот кој е дел од истрага за криминал во владата на Заев ја навредува Македонија

СДСМ и ДУИ го плаќаа преку ФИТР а сега ја плука Македонија и бара да ги отвори границите безусловно

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top