Македонија

СДСМ и ДУИ го плаќаа преку ФИТР а сега ја плука Македонија и бара да ги отвори границите безусловно

Како овој човек во времето на владата на СДСМ и ДУИ станал дел од комисија која одлучувала за милионски грантови од ФИТР треба да открие истрагата

 

Гинтер Ферлингер е австриски активист кој пред неколку години СДСМ и ДУИ го плаќаа преку Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) а сега ја плука Македонија и бара да ги отвори границите безусловно.

 

Ферлингер е дел од истрага за тежок криминал во ФИТР но тоа не го спречува да ја наведува Македонија и да ја нарекува срам затоа што врши контроли на сите патници кои влегуваат во неа.

Манипулацијата на Ферлингер е уште поголема ако се знае дека проблемот при проток на границите на Македонија неретко е на сметка на граничните и царински служби на соседите.

,,Ја повикувам С. Македонија да ги отвори своите граници кон Грција, Косово, Албанија и Бугарија и да ги прекине сите гранични контроли кон сојузниците на НАТО за да се стави крај на сите гранични сообраќајни метежи…

Вашата неспособност правилно да управувате со вашите граници е срам и тесно грло за целиот Јужен Балкан”, пишува Ферлингер кој е целосно неважна фигура во австриската политика кој дури не успеа да влезе како советник во една од виенските општини.

 

Освен Македонија Ферлингер не повикува ниту една друга земја да ги отвори границите иако метеж во летниот период има на сите балкански граници.

 

Како овој човек во времето на владата на СДСМ и ДУИ станал дел од комисија која одлучувала за милионски грантови од ФИТР треба да открие истрагата која ја истражува криминалната шема во фондот.

 

Дали Ферлингер знае дека може да дојде до негов прогон за корупција во ФИТР не може точно да се каже од неговото однесување но не се исклучува дека тој со нападите врз Македонија сака да се претстави како жртва на иден прогон поради критиките кон земјава.

 

Вчера огромен застој имаше на бугарската граница со Србија но Ферлингер молчи за Софија а го напаѓа Скопје

Линк до видео

https://x.com/transbulgaria/status/1951963016188043533?t=1pvpzVpfn0bnmFf6sfIlNw&s=19

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top