Македонија

Јакимовски за „Вејце 2001“: Хероите никогаш не умираат, бидејќи никогаш нема да ги заборавиме

Ги учиме и нашите наследници за жртвата на мачениците од Вејце, порача припадникот на АРМ и тренер на маратонецот Дарио Ивановски

Игор МЦ Јакимовски, офицер во Армијата на Република Македонија, со пригодно „слово“ за денешната 25-годишнина од масакрот кај Вејце од терористичката ОНА врз осуммина припадници на македонските безбедносни сили.

Хероите никогаш не умираат бидејќи ние нивните браќа никогаш нема да ги заборавиме.

Кога ќе бидат заборавени, тогаш тие ќе умрат.

Нема да ги заборавиме и нивните семејства, Ви се колнеме во тоа.

Ги учиме и нашите наследници кои ќе го продолжат патот кој го чекорат супериорните македонски воини. Да ја знаат жртвата на мачениците од Вејце и никогаш да не ги заборават нив и нивните семејства.

Затоа денес сме сите секаде пред нивните гробови и спомен одбележја. Да се потсетиме на нивното животно дело и да им оддадеме почит. Да одбележиме четврт век од кобниот 28 април 2001 и на достоинствен начин да покажеме почит кон загинатите бранители на Македонија.
Нека им е вечна слава…“, напиша на Фејсбук атлетскиот промотор, тренер и менаџер на македонскиот рекордер во маратон Дарио Ивановски.
Популарниот Ем-Си со уште неколкумина денеска го истрчаа меморијалниот маратон „Вејце 2001“ од Кочани до Македонска Каменица, во должина од 25 километри, во чест на загинатите бранители.

 

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

Најнови вести

To top