Македонија

Јас не бев фатен како шмркам, некој на Бихаќка не ме бендисал – Анастасовски за состојбата во СДСМ (ВИДЕО)

Ако направите микс од сè – и лидерство, и кадровска политика, и начинот на работа – ќе видите дека тоа довело до оваа состојба во која се наоѓа СДСМ денес

СДСМ се соочува со сериозна внатрешна криза и пад на довербата кај граѓаните – оцени поранешниот пратеник и професор Иван Анастасовски во емисијата „За или против“.

Запрашан од Мери Симоновска зошто не станал член на Извршниот одбор на СДСМ како што медиуми блиски објавуваа на денот кога се бираа телата на Бихаќка, професорот Анастасовски вели дека тој не бил фатен како шмрка кокаин и не е криминалец но некои на Бихаќка не го бендисале иако бил предложен од базата на партијата од Куманово.

Анастасовски вели дека имал контакт со Филипче за соработка со СДСМ но тоа не се случило.

Според Анастасовски, состојбата во партијата не е резултат на еден проблем, туку на повеќе фактори – од лидерството, преку кадровската политика, до начинот на функционирање.

„Ако направите микс од сè – и лидерство, и кадровска политика, и начинот на работа – ќе видите дека тоа довело до оваа состојба во која се наоѓа СДСМ денес“, изјави Анастасовски.

Тој посочи дека клучниот проблем е отсуството на суштински реформи, како и неспособноста партијата да се отвори за внатрешна критика.

„Ако внатрешно не се менувате и не се реформирате – луѓето ве мерат и ве казнуваат“, нагласи Анастасовски.

Во однос на актуелните случувања, тој посочи дека враќањето на истите кадри и недостигот од „прочистување“ остава впечаток дека СДСМ не ја извлекла поуката од изборните порази. Дополнително, начинот на третирање на неистомислениците, според него, отвора прашања за демократскиот капацитет внатре во партијата.

Анастасовски предупреди дека слабата опозиција не е проблем само за СДСМ, туку и за целиот политички систем.

„На секоја власт ѝ е потребна силна опозиција за да не забега“, потенцираше тој.

Левков, од друга страна, оцени дека опозицијата во моментов не ја исполнува својата улога како коректив на власта, посочувајќи дека настапите се реактивни, задоцнети и често без доволна аргументација. Според него, наместо конструктивни политики и решенија, јавноста гледа обиди за политички напади без суштина, поради што довербата кај граѓаните дополнително се намалува.

Дебатата отвори и пошироко прашање – дали слабата опозиција ќе значи поголема одговорност за власта или ризик од нарушување на политичкиот баланс во државата.

Целата емисија е подолу на линкот

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top