Македонија

Јавното обвинителство во Гостивар спроведува истрага за случајот со можна неисправност на водата за пиење

Основното јавно обвинителство Гостивар презема конкретни истражни дејства во врска со случајот со можна неисправна вода за пиење откога повеќе граѓани побарале лекарска помош поради здравствени тегоби за кои постојат сомневања дека се поврзани со водоснабдителната мрежа

Основното јавно обвинителство Гостивар презема конкретни истражни дејствија во врска со случајот со можна неисправна вода за пиење откога повеќе граѓани побарале лекарска помош поради здравствени тегоби за кои постојат сомневања дека се поврзани со водоснабдителната мрежа.

Јавниот обвинител на Македонија, Ненад Савески, денеска информира дека на подрачјето на Основното јавно обвинителство Гостивар се спроведуваат проверки во кои се вклучени сите надлежни институции со цел да се утврдат околностите на настанот и дали станува збор за кривично-правен случај.

– На подрачјето на Основно јавно обвинителство Гостивар се преземаат конкретни истражни дејства во кои се вклучени сите потребни институции за да се утврди таа состојба. Дали станува збор за евентуално кривично-правен настан или од други аспекти – истакна Савески.

Тој нагласи дека надлежниот јавен обвинител денеска постапува по случајот и прибира информации од релевантните институции поради што, како што наведе, е рано да се дава правна квалификација на настанот.

– Да не избрзувам со правна квалификација за тоа. Дејствата се преземаат токму денес. Очекувам и јас информации од страна на надлежниот јавен обвинител, така што не би било благодарно сега од ова место да одредувам правна квалификација наместо надлежниот обвинител – изјави Савески.

На новинарско прашање дали, со оглед на тоа што станува збор за можност од нарушување на јавното здравје, ќе биде побарана одговорност доколку се утврдат неправилности, јавниот обвинител посочи дека најнапред треба да се утврди дали постојат основи за кривично дело.

– Првин треба да се види дали има основи за постоење, па потоа и видот на кривичното дело, доколку има – појасни јавниот обвинител.

Надлежните институции во моментот ги испитуваат причините за појавата на здравствените проблеми кај граѓаните, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на првичните проверки и анализи.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

СДСМ бара истрага за 5,5 милиони евра за прославата

Пет милиони евра народни пари кога ќе се потрошат, граѓаните мора да знаат секој денар, секое евро каде завршило. Владата мора да ги објави договорите, анексите, фактурите, банкарските исплати, примателите, изведувачите, добавувачите и пресметаните даночни обврски

Мицкоски: Потврдувањето на кредитниот рејтинг од страна на „Фич“ е уште една лоша вест за опозицијата

​Три години водат кампања дека секоја година само што не сме банкротирале, буџетот бил без пари, економијата назадувала и така натаму. ​Одговорите стигаат од сите страни, од Светска банка, од Меѓународниот монетарен фонд, еве и од сега од реномирани кредитни агенции како што е „Фич“

To top