Јорго Капорис, Австралиец со македонско и грчко потекло, основач, артистички директор и кореограф на ансамблот за балкански песни и ора Душа Балканска.
Преку овој ансамбл со песни и ора се создава пријателство и хармонија меѓу заедниците во Австралија.
Австралиецот со македонски и грчки корени, Јоргос Капорис ги поврзува заедниците во Австралија на вообичаено историски разделените балкански народи, преку музика и ора кои стануваат јазик на пријателството.
Капорис го основа ансамблот “Душа Балканска” пред речиси две децении, воден од онаа длабока вистина дека – “пред сè, сите сме луѓе“, јавува SBS на Македонски јазик.
Слушнете како музиката и културата можат да ги доближат луѓето и да изградат мост меѓу заедниците и генерациите.
За подкастот на македонски јазик кликнете на овој знак
во линкот
Фото: Credit:Y.Kaporis fb