Македонија

Јовановски до Бугарија: Колку ли е тешко да се покаеш и да кажеш: „Извинете, многу згрешивме, виновни сме“!

Актерот објасни за какво братство се залага и би го поддржал со двете раце од пред споменикот за масакрот во Ваташа

Актерот Владо Јовановски со порака за Бугарија и бугарскиот народ од пред споменикот на 12. младинци од Ваташа стрелани на 16 јуни 1943 година од бугарската војска и полициски одреди во Втората светска војна.

„Колку ли е тешко да се покаеш и да кажеш: Извинете, многу згрешивме, виновни сме!

Направивме злосторство кое е невозможно да се оправда, но се каеме и се срамиме од тоа и ве молиме да ни простите.
Браќа Македонци, затоа што во тоа време-невреме, нашите предци беа на фашистичката страна на историјата, сторени се злосторства, како злосторството со убиените деца во Ваташа, и ве молиме, иако е многу тешко, да ни простите, оти ние, нивните синови и внуци, не треба да бидеме виновни за нашите татковци и дедовци.
Нема да бараме од вас да станете Б’лгари, за да станете составен дел од Европската Унија.
Е тоа е вистинско братство и заедништво со Р. Бугарија и со бугарскиот народ, кој е опрашен од македонскиот ген, од македонското Слово, од македонската култура, фолклор, преданија, митологија…
За такво братство се залагам и би го поддржал со двете раце!
Сè друго е непристоен предлог и уцена“, објави Јовановски на Фејсбук заедно со фотографии од себе пред споменикот во Ваташа на жртвите од масакрот од пред 83 години.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

To top