Македонија Бизнис

Каде во моментов е плодна почва за градење станови, Охрид или Скопје?!

Охридскиот регион станува се поинтересен за инвеститорите во станови. Трендот започна пред две години и сѐ уште трае. Последните податоци на Државниот завод за статистика за издадени одобренија за градба покажуваат дека овој регион е втор по бројот на станови кои се градат или ќе се градат. Според официјалните статистички податоци само во април инвеститорите […]

Охридскиот регион станува се поинтересен за инвеститорите во станови. Трендот започна пред две години и сѐ уште трае. Последните податоци на Државниот завод за статистика за издадени одобренија за градба покажуваат дека овој регион е втор по бројот на станови кои се градат или ќе се градат.

Според официјалните статистички податоци само во април инвеститорите од овој регион добиле одобренија за изградба на 232 стана.

Во Скопскиот регион кој и натаму е најпривлечен за инвеститорите во станови добиле одобренија за градење на  266 станови, додека, пак, како трет регион каде што се  се интензивира станоградбата изби Полошкиот. Таму инвеститорите во април добиле одобренија за изградба на 125 станови.

Во април се доделени одобренија за изградба на вкупно 729 станови со вкупна корисна површина од  60 833 м2. Најголем број од становите  292 се двособни и трисобни (228).

Според статистика, во април се издадени вкупно 357 одобренија за  градење што е за 38,9 % во однос на истиот период од претходната година. Од нив 177 (49,6 %) од одобренијата се наменети за објекти од високоградба, 61 (17.1 %) за објекти од нискоградба и 119 (33.3 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 357 објекти, на 154 (43.1 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 203 (56.9%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Охридскиот е втор и по бројот на издадени одобренија за градба (74). Скопје е на прво место со 89 издадени одобренија за градба, а Полшкиот регион е трет со 62 одобренија за градба издадени во април.

Расте и предвидената вредност на објектите. Таа во април изнесувала 102,7 милиони евра, што е за 10,7 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Во 2024 година деловните субјекти извршиле градежни работи во вредност од  39 827 830 илјади денари, објави Државниот завод за статистика. Во текот на  2024  година се градени вкупно  2 641 објект и завршени се вкупно 5 405 станови со вкупна површина од 348 720 м2, од кои  5 255 се во индивидуална сопственост.

Во  2024 година: завршени се  5 405 станови, чија просечна корисна површина е  64.5 м– најмногу се градело во Скопскиот Регион. Во 2024 година индивидуалните сопственици извршиле градежни работи во вредност од 14 372 406 илјади денари. Во текот на година се градени вкупно 1 978 објекти и завршени се вкупно 2 512 станови со вкупна површина од  296 537 м2, од кои  152 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 12 879 м2.

Во 2024  година:

  • Завршени се 2 512 станови, а просечната корисна површина е 118.1 м2
  • Најмногу се градеше во Полошкиот Регион

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA

Најголемата библиотека во Истанбул, „Рами“, го освои првото место во категоријата „Проект од големи размери“ на наградите „Green Library Awards 2026“

Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се враќаат – речиси 1,5 милијарди евра доспеваат во 2027 година

Новата еврообврзница, чие издавање е планирано во 2027 година, е дел од навременото обезбедување пари финансирање на обврските на државата, меѓу кои и отплатата на значителен износ на стари долгови што достасуваат следната година, а земени од претходната Влада. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на опозицијата за ново задолжување на Владата од 1,3 милијарди евра.

На патот Охрид-Кичево синоќа загина кошаркарскиот тренер Антонио Савески (33) од Охрид, откако возилото му удрило во кучиња и се запалило

Тешка сообраќајна несреќа изминатата ноќ, што се случи на автопатот Охрид-Кичево, заврши со трагичен исход: животот го загуби 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, тренер во младинската школа на кошаркарскиот клуб „Ангели“.

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари.

To top