Македонија

Како да се стабилизираат и „смират“ цените на горивата

Според владините пресметки, бензините би можеле да останат на сегашното ниво или да поскапат минимално, додека дизелот би поевтинил за околу шест до шест и пол денари по литар

Владата на денешната вонредна седница ги разгледува мерките поврзани со нафтените деривати, а според најавите на премиерот Христијан Мицкоски, се очекува намалување на цената на дизел-горивото и стабилизирање на состојбите на домашниот пазар.

Премиерот вчера изјави дека владините анализи, базирани на движењата на светските берзи во текот на втората половина на мај и изминатата недела, покажуваат услови за постепено смирување на цените.

„Очекуваме полека, но сигурно да се стабилизираат цените и кај нас. Повластената стапка на ДДВ за бензините од 10 проценти ќе се врати на 18 проценти, додека намалувањето на акцизата од два денари по литар ќе остане во сила за дизелот и безоловните бензини од 95 и 98 октани“, рече Мицкоски.

Тој посочи дека Владата води разговори со Окта за можен дополнителен попуст во првата половина од јуни.

Според владините пресметки, бензините би можеле да останат на сегашното ниво или да поскапат минимално, додека дизелот би поевтинил за околу шест до шест и пол денари по литар.

Новите цени на горивата треба да бидат познати утре, кога Регулаторната комисија за енергетика ќе ја донесе редовната одлука за малопродажните цени на нафтените деривати. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top