Македонија

Како изгледаше симболот на борбата за независност, преку кој се искажа волјата на народот

На денешен ден пред повеќе од три децении, македонските граѓани имаа историска можност да одлучат за иднината на својата татковина.

На денешен ден пред повеќе од три децении, македонските граѓани имаа историска можност да одлучат за иднината на својата татковина. На референдумот од 8 септември 1991 година тие гласаа на вакво гласачко ливче – со прашањето дали Македонија треба да биде суверена и самостојна држава, со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија.

Со огромно мнозинство – над 91% од излезените гласачи се изјаснија „ЗА“, а тој резултат претставува еден од најзначајните моменти во историјата на македонската државност.

Ова гласачко ливче е симбол на борбата за независност и сведоштво за волјата на народот.
Тоа е потсетник дека независноста не ни беше подарена, туку изборена со единство и верба во подобра иднина. Денес, обврска на сите нас е да ја чуваме таа независност и да продолжиме да ја градиме државата за идните генерации.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top