Македонија Бизнис

Како Македонија стигна четврт економска сила во светот?!

Македонската економија е рангирана на 4-то место според растот на бруто домашниот производ, во првиот квартал и се наоѓа веднаш зад Ирска, Данска и Полска, истакна премиерот Христијан Мицкоски. Според него, откако е избрана оваа влада реалниот раст на БДП изнесува повеќе од 3%, додека, пак, прилагодениот раст изнесува 3,2%. Отворивме ново поглавје на економски […]

Македонската економија е рангирана на 4-то место според растот на бруто домашниот производ, во првиот квартал и се наоѓа веднаш зад Ирска, Данска и Полска, истакна премиерот Христијан Мицкоски. Според него, откако е избрана оваа влада реалниот раст на БДП изнесува повеќе од 3%, додека, пак, прилагодениот раст изнесува 3,2%.

Отворивме ново поглавје на економски раст и тоа е сериозен сигнал дека реформите даваат резултати. Ако сакаме до 2030. да бидеме уште повисоко на листата, мора да го одржуваме просекот кој треба да биде повисок од 4%, посочи премиерот.

  • „Денес сакам да ве уверам дека бројките што ги објавуваме не се само статистика, тие се огледало на промената што веќе се чувствува“, изјави Мицкоски на прес конференција во Владата.

Тој посочи дека според прелиминарните податоци на Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2025 година, реалниот раст на Бруто домашниот производ откако е избрана оваа Влада, трет квартал по ред е 3 или повеќе проценти, а прилагодениот согласно сезонските и календарските податоци е 3,2% тоа е бројката којашто ја објавува „Евростат“.

  • „Со тоа, практично на досега објавените параметри коишто ги објавил ‘Евростат’, македонската економија е рангирана на четврто место, веднаш позади Ирска, Данска и Полска“, нагласи Мицкоски додавајќи дека ова не е случајност, туку е „резултат на храброст, визија и многу работа“.

Мицкоски додаде дека стапката на раст е многу сериозен сигнал дека реформите даваат резултати, имајќи предвид дека станува збор за првиот квартал од годината којшто секогаш е најслаб и најпредизвикувачки.

Тој нагласи дека доколку сакаме до 2030 да бидеме уште повисоко на европската економска скала, мора да го одржуваме просекот којшто ќе биде поголем од 4 отст, но предупреди дека тоа не зависи само од нашите внатрешни параметри, туку и од екстерните фактори.

  • „Имајќи предвид дека просекот во рамките на ЕУ е 1,4 отсто, тогаш можеме да кажеме дека ние сме 2 ипол пати над тој просек, а во еврозоната е 1,2 отсто“, рече Мицкоски, илустрирајќи го ова и со некои податоци кои рече дека „можеби ќе бидат интересни“.

Инаку, според премиерот, денешниот раст е сигнал дека државата се движи напред со посветеност, храброст и со јасна визија.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците. „Како Директор на Институтот за јавно здравје, ги отфрлам последните обвинувањата на ДУИ. Во изминатиов период во Институтот за јавно здравје имаше инспекциски надзор од страна на инспектори од Инспекторатот за […]

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа и сиот свој живот го бранеше македонскиот јазик како столб на македонскиот идентитет – столб кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Најнови вести

To top