Македонија Бизнис

Како од земја која тапкаше в место, Македонија стана атрактивна за странските инвеститори?!

Странските инвеститори ја враќаат довербата во Македонија, а тоа се должи на стабилни политики и вредна работа, вели премиерот Мицкоски по состанокот со Советот на странски инвеститори.

Македонија станува се попривлечна дестинација за странските инвеститори, вели премиерот. Се водат активни разговори за нови инвестиции во автомобилската индустрија, ИТ секторот, логистиката и агро-преработката. На инвеститорите, Владата им подава рака не само декларативно, туку суштински, вели премиерот. Според него, дел од нив се компании кои веќе работат во Македонија, а дел се нови. Веќе од следната недела ќе почне да се гради големиот ветерен парк од половина милијарда долари.

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека владата прави се за да го олесни работењето на странските компании во земјава, но и на домашните инвеститори.

  • Подаваме рака на странските инвеститори и на домашните инвеститори. Не само декларативно туку суштински низ институционална поддршка, предвидливи правила и директна комуникација. Проблемите ги решаваме заедно – рече Мицкоски.

По средбата со Советот за странски инвестиции, претставници на водечки компании се задоволни од досегашната работа, вели Виктор Мизо. Повтори дека странските компании кои се присутни кај нас се зависни од случувањата во Европската Унија, посебно од Германија.

  • Го поздравивме хармонизирањето на царинските стапки со ЕУ за 67 тарифни броеви веќе влезе во закон 50% намалување на стапките споредено со ЕУ, а од 1 јануари целосна хармонизација на стапките. Тоа е многу важен чекор за странските инвеститори, бидејќи ја зголемува нивната конкурентност и се очекува овие компании да инвестираат во земјава, но и дека ова ќе донесе и нови инвестиции во земјава – рече Мизо.

Во првиот квартал годинава, реалниот раст на БДП е 3,2%, а извозот во периодот јануари-мај пораснал за 3,15%, додека увозот бележи раст од само 1%

Во поглед на бранот инвестиции кој се очекува во државава од клучно значење се оние во инфраструктурата. Еден од главните проекти е изградбата на брзата пруга долж Коридорот 10 за која според последните информации има огромен интерес од страна на меѓународните кредитори. Мицкоски вели дека имало понуди од финансиски институции кои до сега не биле присутни во овој дел од Европа, и многу наскоро ќе биде соопштено кој ќе ја гради пругата.

За потсетување, минатата година бил постигнат рекорд со странски директни инвестиции од 1,255 милијарди евра.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

To top