Македонија Бизнис

Каква сезона може да очекуваат лозарите кои со душа го чекаа родот?!

Родот би требало да биде далеку од рекордните 150 – 200 милиони килограми, но треба да стигнеме од 100 до 110 милиони килограми. Според првичните информации, цената ќе биде за нијанса повисока од лани.

Историски најголема откупна цена за лозарите. Производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за годинава, „вранец“ и „смедеревка“, е зголемена согласно Законот за вино, велат надлежните.

Премиерот Христијан Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите. Како што изјави денеска, родот на грозјето, според проценките, треба да достигне 110 милиони килограми, а цената да биде за нијанса повисока од ланската во делот на откупот на „вранецот“ и „смедеревката“.

  • Минатата година кога ја формиравме Владата, министерот за земјоделство имаше состаноци со откупувачите и производителите и се постигна највисока цена на „вранецот“ и „смедеревката“, а имавме околу 75 милиони килограми род зашто немаше доволно вода, не беа одржувани системите за наводнување, немаше плати,… Оваа година состојбата е многу поинаква, родот би требало да биде далеку од рекордните 150 – 200 милиони килограми, но треба да стигнеме од 100 до 110 милиони килограми. Од информациите што ги имам, цената ќе биде за нијанса повисока од лани во делот на откупот на „вранецот“ и „смедеревката“ или повтроно ќе биде соборен нов рекорд, потенцира премиерот.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

To top