Македонија

Казината подалеку од училиштата – Законот за игри на среќа на јавна дебата во Собрание

Предлог законот предвидува во иднина казината да не смеат да бидат лоцирани во близина од најмалку 500 метри до училиштата, како и забрани за нивно рекламирање особено дека со нив се постигнува финансиски успех или пак кое е посебно насочено кон малолетни лица да се вклучат во игрите на среќа.

Со новиот закон што го изгласа Собранието, државата воведува серија забрани и ограничувања – од задолжително растојание од 500 местри од училишта до рестрикции за рекламирање и засилени механизми за контрола. Целта е поголема заштита на граѓаните, особено на младите, во услови кога истражувањата предупредуваат на сè поголемо присуство на коцкање кај учениците.

Со овој предлог закон се регулираат игрите на среќа и се воведуваат јасни правила со кои се спречува агресивната реклама, се воведува заштита на граѓаните, особено на младите и зајакнување на контролата и надзорот. Ова во образложението на предлог законот го истакна министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска која рече дека тој не претставува рестрикција без цел туку тој за поголема контрола и заштита на малолетниците.

  • „Се забранува рекламирање кое создава впечаток дека игрите на среќа се средство за финансиски успех за решавање на лични или социјални проблеми или кои директно или индиректно ги поттикнува малолетниците да учествуваат во нив.“, рече Димитриеска-Кочоска.

Законот воведува забрана за рекламирање на излозите на објектите во кои се приредуваат игри на среќа, како и забрана за реклами со кои коцкањето се претставува како начин за постигнување личен успех или финансиска добивка. Дополнително, се забранува рекламирање преку познати личности и содржини насочени кон малолетници.

На носењето на законот му претходеа низа реакции од асоцијациите на игри на среќа, казина и спортски обложувалници. Тие реагираа дека законот ќе влијае на економски сектор со повеќе од 10 илјади вработени, кој носи повеќе од 350 милиони евра буџетски приливи на годишно ниво.

Собранието претходно со 59 гласа „за“ и девет „против“ го поддржа Предлог-законот за игрите на среќа и забавните игри, со кој се предвидуваат построги правила за работењето на приредувачите на игри на среќа и засилени мерки за заштита на граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top