Македонија

Ќе бидат уништени пиперките вратени од Бугарија

Сè уште не е решено каде ќе бидат уништени 11,6 тони македонски пиперки беа вратени поради зголемено ниво на пестициди

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, изјави дека Агенијата за храна е известена за случајот и дека се чека одлуката на операторот.

„ Операторот има право пиперката да биде уништена или да биде вратена и ние заедно со Инспекторатот за земјдоелство да ја уништиме по негово барање или по барање на земјата увозник.

Известени сме за конкретниот случај, чекаме да видиме дали ќе биде уништена во Бугарија или ќе биде вратена тука, па операторот ќе ја уништи на Дрисла“, изјави Mиланов, одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Министерството за здравство.

Бугарските власти вратиле над 11 тони македонски пиперки, содржеле високо ниво на пестицид

Најнови вести од: Македонија

Николоски од Виена: Реализираме инфраструктурни проекти вредни до 6 милијарди евра

Николоски нагласи и дека на Македонија ѝ се потребни меѓународни пријатели и силни партнерства, додавајќи дека преку ваквите форуми се создаваат можности за нови форми на институционална соработка со европските партнери.

(Фото): Ова е најтешкиот буџет, се враќаат две милијарди евра, ќе има и поголеми плати, најави министерката за финансии

Јавниот долг заклучно со третиот квартал годинава, според податоците од Министерството за финансии, изнесува 10 милијарди 930 милиони евра или 56,6 проценти од БДП. До крајот на годината, во согласност со сегашните проекции, би требало да изнесува 11.250 милиони евра или 58,2 проценти од БДП, а државниот долг да биде 51 процент.

Уставни измени во 2001: Треба да се спречи Македонија и целосно да ја изгуби својата „македонска душа“ како држава! (3)

Ноемвриските уставни амандмани од 2001 година „инсталираа“ „фабрички дефект“ во функционирањето на политичкиот систем преку воведувањето на „консензуалната“, „договорна демократија“, предвидена да ја практикуваат „етничките поглавари“ на Македонците и Албанците. Експертите посочуваат дека таквата „договорна демократија“ ја претвори Македонија во непрогласена „двонационална држава“ со „отворена перспектива“ наместо унитарна држава да стане и „двокантонална федерација“, или можеби и конфедерација. Сегашната претседателка на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова учествувајќи на една научна расправа во МАНУ пред 19 години, тогаш како професорка по уставно право и уставен систем, констатираше дека „во 2001 година врз македонската држава беше спроведен рамковен и уставен инженеринг во режија на меѓународната заедница“. Силјановска-Давкова уште тогаш имаше изнесено предупредување дека е реална заканата „Македонија да стане ‘држава без душа“.

Мицкоски за ужасниот напад врз девојката во Охрид: Жестоко го осудувам ова дивјаштво! – Сѐ ќе сториме сторителот да одговара пред правда!

Премиерот Христијан Мицкоски упати остра осуда за нападот врз младата девојка во Охрид, изразувајќи поддршка до нејзиното семејство, ветувајќи дека институциите ќе сторат сè сторителот да биде изведен пред лицето на правдата.

To top