Македонија

Ќе има одговор на антисрпската хистерија чии носители се СДСМ и ДУИ

Министерот нема да ги остави без реакција изливите на се позачестената, и со ништо непредизвикана антисрпска хистерија во општеството чии носители се СДС и ДУИ

Политичките пресметки на македонските, СДСМ и албанските политички партии, ДУИ врз грбот на Србите во Македонија, што во пракса се одвива преку мене лично, добива загрижувачки размери, предупредува Иван Стоиљковиќ кој беше Министер за Политички систем и односи меѓу заедниците а сега ќе води министерството за локална самоуправа.

,,Ксенофобијата, шовинизам нешто што беше поразено уште во 1945. година уште живее, поточно се повампирува во потомците на фашистичката идеологија и еве веќе подолго време, секој ден во изминативе две години министерување се повторува, вели Стоиљковиќ кој потенцира дека незаслуженот молк на јавноста продолжува.

,,После низа небулози изнесени од ДУИ и нивните сателити од СДСМ кои кулмираа денеска при изборот на нови министри во Владата имавме можност да слушнеме скоро од сите говорници на опозицијата. Неверојатно, реконструкција на Влада, а главна тема моето досегашно, успешно учество во Владата, но и идно, не знам од што се плашат. За СДСМ спорно е учеството на ДПСМ во власта и за нив по можност исто како и за ДУИ пожелно е Србите и да не постојат во Македонија, да ги нема никаде, како би можеле на раат да функционираат во државата која со нивните политики ја руинираа, политички, уставно, законски, институционално и на секој начин”, порачува Стоиљковоќ.

Лидерор на Демократската партија на Србите во Македониjа вели дека јавноста и понатаму може молчи и да нека биде без соодветна реакција и осуда за носителите на отворената омраза и ксенофобијата, кои согласно нивното дејствување малтретираат, дискриминираат, потикнуваат и разгоруваат омраза врз основа на национална припадност (сите се кривични дела).

Но тој нема да ги остави без реакција изливите на се позачестената, и со ништо непредизвикана антисрпска хистерија во општеството чии носители се СДС и ДУИ.

Најнови вести од: Македонија

Сашко Кедев влезе во Гинис како најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри

Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци

Запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче – градоначалникот Ѓорѓиевски бара итна истрага

Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР. Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски истакнува: Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

„Скопје.1.мк“: Над 12 тони производи од Македонија запрени на косовската граница, поради „ешерихија коли“ во претходни пратки

„Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради претходно утврдени неправилности поврзани со безбедноста на храната и хигиената во производството. Станувало збор за прехранбени кремови со растителни масти и производи од сирење, произведени од АД ‘Млекара Тетово’,пренесува ‘Радио Ким’. Пратките биле наменети за компанијата ‘VIZIONI M.Z.I.I’ од Преоце, во близина на Грачаница, но биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ.“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

Партија на пензионери: Поддршка за новиот предлог- КЗ! Конфискуваниот имот да оди за социјалната заштита, здравството и стандардот на пензионерите!

Партијата на пензионери дава целосна поддршка за новиот предлог-закон за Кривичниот законик на Македонија, со кој се предвидуваат построги казни за корупција и криминал меѓу носителите на јавни функции. Од партијата, сепак, сметаат дека се потребни дополнително заострување на казнените мерки и суштински реформи во правосудниот систем.

ЕУ го натерала Вучиќ да ги повлече војниците и полицијата од Пионирскиот парк, за да спречи судири и граѓанска војна?!

Европската Унија извршила притисок врз Александар Вучиќ во изборната ноќ да ги повлече војниците и полицајците од Пионирскиот парк во Белград, бидејќи постоел страв дека ситуацијата може да ескалира во граѓанска војна. Ова го тврди поранешната амбасадорка на Белгија во Србија, Дениз де Хауер, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

Архимандрит Царкњас: Прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“ и семакедонска средба. Архимандритот Никодим Царкњас нагласи дека прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти.

To top