Македонија Бизнис

Ќе има нови мерки за маркетите ако се забележат „трикови“ од трговците

Откако цените по маркетите и зелените пазари буквало дивееја, Владата сега има план да носи мерки и да реагира ако забележи непринципиелно зголемување на цените, тврди премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека состојбата со цените „ја следи одблиску“. „Реков дека нема да толерирам трикови, внимателно следиме што се случува во маркетите и се разбира доколку […]

Откако цените по маркетите и зелените пазари буквало дивееја, Владата сега има план да носи мерки и да реагира ако забележи непринципиелно зголемување на цените, тврди премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека состојбата со цените „ја следи одблиску“.

  • „Реков дека нема да толерирам трикови, внимателно следиме што се случува во маркетите и се разбира доколку има одредени непринципиелни однесувања што јас ги нарекувам трикови ќе делуваме. Инаку имаме во план да носиме мерки, со кои јавноста ќе биде запознаена благовремено“, рече Мицкоски.

На предлогот на Министерството за економија и труд, Владата на 20 февруари донесе мерка со која се ограничија маржите на стотина групи производи, додека на осум производи беа замрзнати цените. Меѓутоа, оваа мерка важеше до 30 април.

Но, според министерот за економија и труд, по ова нема драстично зголемување на цените.

  • „Нема драстично зголемување на цените во делот, каде што ние сме надлежни, во делот на прехранбени основни производи. Секој месец Државен пазарен инспекторат ќе биде на терен ќе гледа, ако случајно се случува да имаме зголемување енормно без економски оправданост од трговците на цените, нормално дека ќе донесеме пак одлуки“, рече Дурмиши на 14 јуни.

Зголемување на цените беше забележано и од Државниот завод за статистика. Во својот последен извештај тој нотираше дека инфлацијата во мај се зголемила за 1,5 отсто во однос на април 2025, а во тоа најголем удел имало зголемувањето на трошоците за живот токму за храната и безалкохолните пијалаци каде тоа изнесувало 4,1 процент.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

Техновејшн ЈИЕ 2026: Вистинската трансформација започнува кога ќе се осмелиме да го менуваме и она во што сме успешни

Суштинската трансформација на една компанија не започнува кога стариот модел на работење ќе престане да функционира, туку кога таа е подготвена да го преиспита моделот врз кој веќе го изградила својот успех

„РОЗОВ ОКТОМВРИ“ ВО ОПШТИНА КАРПОШ – ЗАЕДНО ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА РАКОТ НА ДОЈКАТА

Денес, во Општина Карпош, се одржа едукативен настан посветен на кампањата „Розов октомври“, чија цел е подигнување на свеста за ракот на дојката, важноста на навременото откривање и грижата за сопственото здравје

Николоски: Новиот мобилен оператор ќе ја користи мрежата „Старлинк“ на Илон Маск

На прашањето дали телекомуникациската компанија „4iG“ гради сопствена 5G мрежа, Николоски за „360 степени“ вицепремиерот рече дека веќе најавиле стратешка соработка и дека Македонија ќе биде меѓу првите земји во кои директно ќе се имплементира оваа технологија

To top