Македонија Бизнис

Ќе се изградат ли конечно историските хидроцентрали Чебрен и Галиште?!

По децении на неуспешни обиди и стратегии, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, призна дека изградбата на хидроцентралата Чебрен е предизвик кој државата не може да го совлада самостојно. Големиот енергетски проект, изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште можеби ќе биде државен, а не приватен проект. Ова можност ја остави отворена министерката […]

По децении на неуспешни обиди и стратегии, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, призна дека изградбата на хидроцентралата Чебрен е предизвик кој државата не може да го совлада самостојно.

Големиот енергетски проект, изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште можеби ќе биде државен, а не приватен проект. Ова можност ја остави отворена министерката за енергетика Сања Божиновска, која рече дека се разгледуваат сите опции кој да биде главниот финансиер на проектот.

  • Најубаво е како држава сами да ја изградиме, но се работи за проект кој ќе чини најмалку една милијарда евра, што не е мала ставка знаејќи каков ни беше Буџетот, изјави Божиновска на Националниот самит за дигитална енергетска и безбедна критична инфраструктура.

Таа додаде дека за изградбата на хидроцентралата Чебрен ќе биде избран најсоодветниот модел во најкус можен рок, нагласувајќи дека целта е ова да биде македонски државен проект. Ова признание доаѓа по 14 неуспешни тендери за изградба на хидроцентралата Чебрен, последниот од кои пропадна во јануари 2024 година.

Грчката компанија „Архиродон“, избрана како најповолен понудувач во септември 2023 година, не ја продолжи банкарската гаранција, што доведе до поништување на тендерот. Министерката за животна средина, Каја Шукова, тогаш изјави дека компанијата не обезбедила средства од банките за реализација на проектот.

Идејата за изградба на хидроцентралата Чебрен датира уште од 60-тите години на минатиот век, но досега сите обиди за реализација беа неуспешни.

  • Разгледуваме дали Чебрен ќе се реализира заедно со Галиште, колкава ќе биде браната и сме при крај со пресметките за вкупната инвестиција – додаде таа.

Работната група формирана уште во декември под координација на Министерството веќе одржала неколку состаноци, со цел што поскоро да се донесе конечната одлука. Паралелно со ова, Божиновска информираше и за новиот Закон за енергетика кој беше изгласан во Собранието. Се очекува наскоро да биде потпишан од претседателката и да стапи во сила.

  • Важно е што е направен првиот чекор. Некои мерки веќе се започнати – рече министерката, посочувајќи дека се работи на методологија за справување со енергетската сиромаштија, а некои компании веќе ги анализираат можностите за изградба на батериски капацитети за складирање струја од обновливи извори.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA

Најголемата библиотека во Истанбул, „Рами“, го освои првото место во категоријата „Проект од големи размери“ на наградите „Green Library Awards 2026“

Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се враќаат – речиси 1,5 милијарди евра доспеваат во 2027 година

Новата еврообврзница, чие издавање е планирано во 2027 година, е дел од навременото обезбедување пари финансирање на обврските на државата, меѓу кои и отплатата на значителен износ на стари долгови што достасуваат следната година, а земени од претходната Влада. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на опозицијата за ново задолжување на Владата од 1,3 милијарди евра.

На патот Охрид-Кичево синоќа загина кошаркарскиот тренер Антонио Савески (33) од Охрид, откако возилото му удрило во кучиња и се запалило

Тешка сообраќајна несреќа изминатата ноќ, што се случи на автопатот Охрид-Кичево, заврши со трагичен исход: животот го загуби 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, тренер во младинската школа на кошаркарскиот клуб „Ангели“.

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари.

To top