Македонија

Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк

Предвидено е паркот да се состои од зграда или комплекс згради со современа електрична и телекомуникациска инфраструктура, како и со ефективен и флексибилен работен простор

Владата на денешната седница ја усвои Информација за отпочнување активности за основање Мултифункционален научно-технолошки парк, чија цел е поттикнување постојан раст преку вклучување на знаење, иновации и технологија за создавање производи и услуги со висока додадена вредност, конкурентни на меѓународните и домашните пазари.

Како што информира владината прес-служба, согласно претходно направената анализа е утврдено дека техничкиот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје нуди идеална локација за сите аспекти – интеграција со академската средина, од аспект на трансфер и комерцијализација на знаењето, инфраструктурна пристапност и поврзување (патна инфраструктура автобуски и железнички линии, автопат и аеродром), како и поголема можност за привлекување компании, инвеститори и стартапи создавајќи центар за вмрежување и регионален развој.

Предвидено е паркот да се состои од зграда или комплекс згради со современа електрична и телекомуникациска инфраструктура, како и со ефективен и флексибилен работен простор.

 

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top