Македонија

Клековски најави процентуално зголемување на платите во јавното здравство од март

„Остануваме посветени и со силна поддршка за натамошно зголемување на платите во здравстевниот сектор во смисла на соодветно вреднување на работата на здравствените работници како предуслов за квалитетна работа.“ – изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сако Клековски, на денешната прес-конференција во Владата.

Во секторот здравство платите во ноември 2024 и март 2025 збирно се зголемија за 17 проценти, несрасзмерно многу повеќе со основно и со средно образование, лекарите беа помалку бидејќи беа линеарни зголемувањата. Кај матичните доктори капитациите се зголемија 33 отсто. Историско зголемување што беше направено за да се зголемат платите за докторите и за медицинските сестри вработени таму, бидејќи ние цврсто веруваме дека треба работата соодветно да биде вреднувана – рече директорот на ФЗО на прес – конференцијата во Владата на која заедно со министерот за дигитална трансформација промовираа четири нови електронски услуги на Фондот за граѓаните.

Тој потсети дека според договорот со синдикатите, во март, годинава ќе има уште едно зголемување на платите во јавно здравство.
– Барем платите за средномедицинскиот кадар, за медицинските сестри, се конкурентни на приватниот сектор. Мислам дека и во некои други сектори – образование, има постигнато договори за зголемување на платите. Така да, барем во мојот сектор можам со сигурност да кажам дека има силна поддршка натамошното зголемување на плати во смисла на соодветно вреднување на работата на здравствените работници како предуслов за квалитетна работа. Тука остануваме посветени. Веќе може да најавам дека нема да биде еднакво зголемувањето во март за сите, туку ќе биде процентуално, бидејќи платите меѓу понискиот кадар и докторите – коефициентот и разликата меѓу нив се намали, а сепак мора да бидат соодветно вреднувани и лекарите – појасни Клековски.

Најнови вести од: Македонија

„Лидл“ почна изградба на маркет во Гевгелија: Инвестиција што носи раст, нови вработувања и поддршка за домашните производители

Со свечена церемонија на поставување камен-темелник, Lidl официјално ја започна изградбата
на уште еден маркет во земјава. Овој продажен објект ќе биде лоциран во Гевгелија и е прв
маркет на Lidl во оваа општина, како дел од долгорочниот инвестициски план на компанијата во
Македонија.

To top