Македонија

Само Вистина, лаги, клетви, Фани од СДСМ и се е можно (ВИДЕО)

Незгодни коментари за заменичката на Филипче и екс директорка на Сорос во Македонија

Настапот на заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфиловска Пановска на емисијата Само Вистина на Канал 5 предизвика ретко видени негативни реакции од граѓани.

Додека траеше емисијата во коментарите на Фејсбук во живо таа доби десетици реакции кои укажуваат дека нејзините ставови можеби не ја прикажуваат реалноста каква што ја гледаат граѓаните.

Мала анализа на настапот на екс директорката на Сорос Фондацијата во Македонија покажува дека таа во емисијата кажува неточни работи кои се идентични на наративот на нејзината партија.

Посебна анализа заслужува начинот на кој што таа ги кажува работите. Од настапот може да се види дека се работи за сериозна вознемиреност кај заменичката на Венко Филипче.

Меѓу реакциите за тоа што го кажува Каранфиловска Пановска има тешки навреди дека е самобендисана, дека не е деловно способна, дека користи наркотици, дека лаже а двајца граѓани дури и ја колнат.

Засега нема најава дека Каранфиловска Пановска ќе тужи некого за навредите.

Меѓу доминантните негативни коментари има и еден во кој што таа не е пофалена за тоа што го зборува но се напаѓаат тие што ја критикуваат.

,,Сите вие ​​што коментирате и го напаѓате гостинот сигурно живеете убав живот 🤮
🤮 сигурно си Трошејќи по 1.500 евра секој 😂😂😂 или мора да плукате и да читате од персоналот и да живеете со минимална плата”, пишува една граѓанка.

За нејзина жал останатите коментари се катастрофални за вториот човек во СДСМ.

Дел од коментарите кои се променети за да се избегне објава на навредите во продолжение:

Гоцее, каде ја најде каде ја стави оваа самобендисана жена овој викенд, нè уништи

Каква глу…а е со нејзиното претставување, само ќе го потоне СДСМ

На каква дрога е оваа

Гоцее постави ги прашањето, до каде стигна со преговорите (со ЕУ), бидејќи имаа датум, не и молчи

Ауу, ама зборување, лажење, ццц

Оваа треба да се однесе директно до Бардо…

Госпоѓо, која ќе ја сноси одговорноста за дупката што ни ја ископавте

Мрш Ајдуци кој ве слуша, нека ги казни Бог сите АРАМИИ

Не плачи, народот повеќе не ве сака коко..о

Добро, Гоцее, ова не ти дава прашање да поставиш, што чудо е, типично за СДС

Не треси глупости, ко*о една

МИЛИОНЕРОТ ОД СДСМ: Над милион долари од УСАИД

Оваа жена не знае што зборува, се што стасаа украдоа и испустија, 500 евра плата дадоа ама за два месеци. Дали не ти е срам да излегуваш на телевизија и да не знаеш што зборуваш?

Повеќе од А.Д. СДСС, бевте први по смртност во ковид, луѓе изгорени, луѓе убиени во автобуси, давање пасоши на светски криминалци, производство и употреба на наркотици, кражба на сопствената земја и народ, и најголемото зло, предавство против сопствената земја, за кое треба да го поминете остатокот од животот во затвор, и се надевам и верувам дека еден ден сите вие ​​предавници ќе ве стигне барем една од милионските клетви на оваа нација

Фани и сè е можно….брееејјјјј

Сите тези на Каранфиловска Пановска кои ги испровоцираа незгодните коментари во ова видео

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top