Македонија

Клиниката за гинекологија ќе има современ центар за ин-витро и национална банка за репродуктивен материјал

Со тоа Клиниката за првпат фаќа чекор со европските трендови и препораки за минимално инвазивен пристап во оперативното лекување

Повеќе современи методи – од минимално инвазивни лапароскопски и хистероскопски процедури, до напредни протоколи во третманот на ризични бремености и предвремено родени бебиња, безболно породување за секоја пациентка, како и современи методи во лекувањето на уринарната инконтиненција се воведени во изминатиот период на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, вели во интервју за МИА директорката на оваа јавна здравствена установа, Ирена Алексиоска – Папестиев.

Таа нагласува дека современите медицински практики, континуираната едукација и отвореноста кон иновации претставуваат темел на кој Клиниката ја гради својата иднина и дека нивната мисија останува непроменета – обезбедување највисок квалитет на грижа за жената и детето, поддршка на репродуктивното здравје и развој на медицината во служба на животот.

– Вкупно 22 специјалисти од нашиот тим реализираа обуки во реномирани центри во Европа. Набавивме врвна медицинска опрема – два лапароскопски столба, повеќе хистероскопи, генератори, оперативни светла и нов стол за операциона сала, како и современи ултразвучни апарати кои ги зајакнуваат дијагностичките капацитети на Клиниката. Благодарение на обуките и модерната опрема, бројот на минимално инвазивни интервенции во гинеколошките операции се зголеми повеќекратно. Како пример ќе ја наведам тотално лапароскопката хистеректомија – ако во 2023 година беа изведени 12 тотални лапароскопски хистеректомии, во 2025 година само за десет месеци се реализирани 110 такви интервенции. Со тоа Клиниката за првпат фаќа чекор со европските трендови и препораки за минимално инвазивен пристап во оперативното лекување, истакнува д-р Алексиоска – Папестиев.

Посочува дека воспоставиле соработка со повеќе светски банки за јајце-клетки, сперма и ембриони, со што ги прошириле можностите за третман на пациентите со проблеми со инфертилитет и дека очекуваат наредната година, по комплетната реконструкција, Центарот за ин-витро фертилизација да почне со работа со полн капацитет, нудејќи достапна, безбедна и висококвалитетна услуга за сите парови кои се соочуваат со проблеми со плодноста – сѐ тоа во рамки на јавното здравство.

Таа наведува дека работат на целосната инфраструктура и регулатива за воспоставување на Национална банка за репродуктивен материјал, која ќе овозможи замрзнување јајце-клетки и сперматозоиди за идна употреба. Покрај сите активности кои ги имаат, паралелно во изработка се и дополнителни стратегии кои, на национално ниво, ќе бидат насочени кон стимулирање на наталитетот и поддршка на семејствата кои планираат потомство.

-Ин витро центарот претставува еден од најзначајните проекти во рамки на Клиниката. Во моментов е во тек процесот на уредување на просториите и обезбедување на најсовремена медицинска опрема. Паралелно со тоа, тимот составен од гинеколози и ембриолози помина интензивна едукација во областите каде беше неопходно дополнително зајакнување на капацитетите.

Очекуваме во наредната година, по комплетната реконструкција, ИВФ центарот да започне со работа со полн капацитет, нудејќи достапна, безбедна и висококвалитетна услуга за сите парови кои се соочуваат со проблеми со плодноста – сѐ тоа во рамки на јавното здравство.

Најнови вести од: Македонија

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Најнови вести

To top