Македонија

Кочева од БАН: Политиката на Скопје е секогаш од мува да прави слон

Според лингвистката, терминот „северномакедонски“ што го употреби Петрова-Чамова бил сосема точен од јазична гледна точка

Ана Кочева, потпретседателка на Македонскиот научен институт и раководител на Одделот за бугарска дијалектологија и лингвистичка географија при Институтот за бугарски јазик при Бугарската академија на науките, ја обвини Македонија дека од мува прави слон по реакцијата за изразот „северномакедонски партнери“ што го употреби новата министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова.

Според неа, терминот „северномакедонски“ е сосема точен од лингвистичка гледна точка, објаснувајќи дека станувало збор за релативна придавка формирана од официјалното име „Република Северна Македонија“ и означувало припадност на одредена земја.

„Терминот се користи за означување на државата Северна Македонија во современиот политички контекст“, истакна Кочева во интервју за бугарското Радио Фокус.

Оправдувајќи го „севернизирањето“ на Македонците од Петрова-Чамова, таа наведува дека терминот е широко користен и во меѓународната дипломатска пракса, посочувајќи ги Стејт департментот и дипломатските мисии на САД, како и голем број западни институции, кои ги употребувале во своите официјални документи и изјави.

Наспроти тоа, вели Кочева, во Македонија употребата на целосното уставно име на државата често се избегнува. Како пример, таа ги посочи претседателката Гордана Силјановска-Давкова и премиерот Христијан Мицкоски, кои, според неа, систематски користат само „Македонија“ без „Северна“ во своите јавни изјави.

 

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top