Македонија Бизнис

Кочоска-Димитриеска: За една година поставивме темели за стабилна економија и реален раст

Го презедовме Министерството во момент на висок јавен долг, дефицит без покритие и минимални капитални инвестиции. За само 12 месеци покажавме дека со одговорност и стручност можеме да ја стабилизираме економијата, истакна министерката за финансии Гордана Кочоска-Димитриеска која го презентираше отчетот за првата година од мандатот на Владата, потенцирајќи конкретни резултати и јасна стратегија за […]

Го презедовме Министерството во момент на висок јавен долг, дефицит без покритие и минимални капитални инвестиции. За само 12 месеци покажавме дека со одговорност и стручност можеме да ја стабилизираме економијата, истакна министерката за финансии Гордана Кочоска-Димитриеска која го презентираше отчетот за првата година од мандатот на Владата, потенцирајќи конкретни резултати и јасна стратегија за економски раст и стабилност. Во извештајот се наведуваат клучни постигнувања:

Намалување на буџетскиот дефицит и јавниот долг (намален за 36 милиони евра и за 4,7 процентни поени во БДП); Исплата на 500 милиони евра Еврообврзница без нови шокови по ликвидноста; Континуиран економски раст над 3%; Стабилизирана инфлација со тренд на опаѓање; Капитални инвестиции со реална основа и подготовка; Активирани 250 милиони евра преку Развојната банка и инвестициски циклус од 300 милиони евра во приватниот сектор; Рекордни странски директни инвестиции – 1,255 милијарди евра.

На социјален план, се потенцира зголемувањето на платите за 87.000 вработени во јавниот сектор, растот на просечната плата над 40.000 денари, како и линеарното зголемување на пензиите.

Во фокусот се и структурните реформи: нови фискални правила, стратегија до 2030, воведување на СЕПА, уредба за реални јавни инвестиции и усогласување со ЕУ преку Законот за глобален минимален данок.

  • „Економијата не е само статистика – тоа се плати, пензии, работа, инвестиции и предвидлива иднина. Ова е само почеток – продолжуваме со дигитализација, подобра наплата и поголема отчетност“, порача Кочоска-Димитриеска.

Истовремено, како што нотираше Димитриеска-Кочоска беше подготвен Буџетот за 2025 година, кој е прв во новата концепција на фискална консолидација и економски развој. Буџетот за следната година носи посебен фокус на капитални инвестиции, на општински проекти, поддршка за приватниот сектор и стратешки насоки за забрзан економски раст.

  • „Во изминатата година, беше постигната значајна фискална консолидација. Буџетскиот дефицит е намален, а јавниот долг е намален за 36 милиони евра во однос на крајот на 2024 година, со намалување на неговото учество во БДП за 4,7 процентни поени. Тоа беше постигнато во услови кога државата успешно ја отплати Еврообврзницата од 500 милиони евра, ги сервисираше обврските на домашниот пазар во висина од 10,7 милијарди денари, и истовремено го намали задолжувањето во споредба со истиот период лани за 16,4%. Економската активност, по години на нестабилност, бележи континуиран раст. Последователно три квартали, стапката на раст изнесува околу 3%, што е над проекцијата. Забележан е раст од 2,8% за 2024 година, којшто ја надминува сопствената владина проекција од 2,1%. Важно е што растот не е концентриран само во една гранка, туку се забележува активност во индустријата, услугите, градежништвото и извозот. Истовремено, инфлацијата е значително намалена од 14% на почетокот на 2023 година и е стабилизирана со тенденција на понатамошно намалување“ кажа министерката во отчетот.

Министерството за финансии, како што кажа министерката во изминатата година преку Развојната банка, обезбеди 250 милиони евра за поддршка на приватниот сектор, со активирање на инвестиции во нови капацитети, опрема и работни места, со ефект од околу 300 милиони евра во инвестиции. Во исто време, за првпат во историјата, во Буџетот беа предвидени 250 милиони евра директна поддршка за општините, со средства распределени за конкретни инфраструктурни проекти – водоводи, канализации, училишта, градинки и проекти за енергетска ефикасност.

  • „Странските директни инвестиции во 2024 достигнаа историски рекорд од 1,255 милијарди евра. Во првиот квартал на 2025 година веќе се реализирани инвестиции од 135,8 милиони евра, со пораст на сопственички капитал и реинвестирана добивка за 17,4% во споредба со истиот период минатата година“ дополни министерката.

Министерката посочи дека со серија мерки, Владата и Министерството ја зајакнаа конкурентноста на домашната индустрија – се намалија царинските стапки за 67 суровини и репроматеријали, а се либерализираше увозот на стоки од САД како дел од унапредување на економската соработка со стратешките партнери. Македонија стана дел од СЕПА – областа за единствени плаќања во ЕУ, што значи дека граѓаните и компаниите ќе можат да вршат трансфери во 38 земји по исти услови како и во домашниот платен промет.

  • „Во текот на годината се спроведени и сериозни структурни реформи. Започна имплементација на Законот за буџети со кој се воведува трогодишно буџетско планирање, а беше донесен и пакет од 17 подзаконски акти кои обезбедуваат ефикасно управување со јавните финансии. Македонија прва во регионот ги исполни условите за повлекување авансни средства од Планот за раст на ЕУ“ кажа министерката.

Во делот на мерките за подобрување на животниот стандард министерката кажа дека изминатата година просечната плата е зголемена за повеќе од 10% и сега надминува 40.000 денари, а пензионерите имаат зголемување од просечно 5.000 денари на годишно ниво. Обезбеден е раст на платите во администрацијата, здравството, образованието и полицијата – 87.000 вработени добија повисоки примања, што значи повеќе средства за многу домаќинства.

Во делот остварените реформи на Министерството за финансии, министерката посочи дека беше донесен Законот за глобален минимален корпоративен данок усогласен со европската директива, се заживеа Академијата за јавни финансии како институција за континуирана едукација и професионализација на јавниот сектор, а Министерството за финансии за првпат ја доби улогата на претседавач со Управниот одбор на ЦЕФ – Центарот за извонредност во финансиите, со седиште во Љубљана, што претставува признание за посветеноста на институцијата кон реформите и европските вредности.

 

Најнови вести од: Македонија Бизнис

(Видео): Камен-темелник за „Чебрен и Галиште“ в година – инвестиција од една милијарда евра

Проектот Чебрен и Галиште по децении чекање конечно ќе се реализира. Премиерот Мицкоски е оптимист дека ќе се најде инвеститор и дека камен темелник би можел да се стави веќе наредната година.

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Финансискиот систем стабилен, умерени ризици кај домаќинствата и кај фирмите

Финансискиот систем во земјава ги задржа стабилноста и отпорноста во 2025 година, и покрај неизвесноста во глобалното окружување, оцени Советот на Народната банка при усвојувањето на извештајот за финансиската стабилност.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

To top