Македонија

Кога Македонија железнички ќе се поврзе со Бугарија?!

Интензивно се гради пругата Скопје – Софија, со 29 мостови и 15 тунели втората делница е градежен и инженерски подвиг, изјави вицепремиерот и министер за градежништво Александар Николовски на обиколката на терен од изградбата на втората делница од пругата од Македонија кон Бугарија.

Изградбата на втората делница од железничката пруга кон Бугарија, на потегот Бељаковце – Крива Паланка, се реализира со вкупен напредок од 36 проценти, а целото железничко поврзување со Бугарија се очекува да биде завршено до 2031 година, изјави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски при увидот во градежните работи на Коридорот 8. Николоски, кој заедно со директорот на МЖ Инфраструктура Синиша Ивановски ја посети трасата, посочи дека станува збор за еден од најсложените инфраструктурни проекти во државата, со должина од 34 километри, на кој се градат 29 мостови, 15 тунели, шест надвозници и три подвозници.

  • Се работи за еден инженерски исклучително предизвикувачки проект. Вкупната должина на проектот е 34 километри, а на само 34 километри имаме 29 мостови, 15 тунели – најмногу досега изградени тунели во Македонија, шест надвозници, три подвозници, три стојалишта, односно три железнички станици, две станични згради и три сервисни згради – рече Николоски.

Железничката линија, додаде, е проектирана за брзина од 100 до 120 километри на час и оти највисокиот столб на мостовите достигнува висина од 61 метар. Според него, напредокот на конструктивните работи изнесува 31 процент, а вкупната реализација на проектот е 36 проценти.

  • Очекувам до октомври 2028 година, или да бидам попрецизен, до последниот квартал на 2028 година, тука веќе да сообраќаат возови – изјави Николоски.

Информираше дека по завршувањето на втората делница ќе следува изградбата на третата делница кон границата со Бугарија, за која веќе е објавен тендер за избор на надзорен орган, а во следните недели се очекува да биде објавен и тендерот за изведба. Одговарајќи на новинарско прашање кога се очекува целосно да биде завршен проектот за железничко поврзување со Бугарија, Николоски рече дека целта е до 2031 година да биде завршена целата траса, вклучително и тунелот што треба заеднички да се гради со бугарската страна.

  • Очекувам, согласно она што го ветивме, до 2031 година да ја завршиме целата делница, заедно со тунелот што заеднички треба да го градиме со Бугарија. Целта е во 2031 година проектот да биде завршен од двете страни, затоа што точно е дека од Софија до Ѓуешево постои железничка линија, но исто така е точно дека на најголем дел од трасата треба да се изгради нова или целосно да се реконструира постојната – рече Николоски.

Коридорот 8 е дел од европската транспортна мрежа што ги поврзува Јадранското и Црното Море, рече Николоски, нагласувајќи дека НАТО го има прогласено за втор најзначаен безбедносен коридор. Прашан за сигнализацијата и електрификацијата на третата делница, Николоски појасни дека тие ќе се реализираат преку посебна тендерска постапка.

  • Прво се спроведува тендер за изградба, а потоа се спроведува тендер за сигнализација и електрификација. Целта е системите што ќе бидат вградени да бидат најмодерни во моментот кога ќе се поставуваат. Доколку сега избереме одредено решение, а го вградуваме по пет години, постои можност во меѓувреме да застарее – рече Николоски.

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, истакна дека станува збор за делница која повеќе од три децении не бележела значајни активности и чија изградба е дополнително усложнета поради конфигурацијата на теренот.

  • Се работи за вториот дел од пругата кон Бугарија со должина од 34 километри. Онаа пруга која што е започната уште во деведесеттите години и 30-тина година немаше никакви активности, сега интензивно се работи. Покрај сите овие неповолни услови проектот е со реализација од 37 проценти – рече Ивановски.

Активностите, додаде, се одвиваат на три главни сегменти – земјени и градежни работи, санација и доградба на 26 мостови изградени во деведесеттите години и изградба на 15 тунели.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top