Македонија

Кои телевизии го прекршиле изборниот молк на повторените локални избори?!

Се огласи АВМУ со официјална потврда дека четири национални медиуми ги прекршиле законските одредби за време на изборниот молк за повторените локални избори. Прекршувањата се случиле на 10 јануари, ден пред гласањето во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги излезе со официјална потврда дека четири национални медиуми ги прекршиле законските одредби за време на изборниот молк за повторените локални избори. Прекршувањата се случиле на 10 јануари, ден пред гласањето во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа.

Според мониторингот на Агенцијата, прекршувања се констатирани кај:

  • МРТ 1 (Јавен сервис)
  • МРТ 2 (Јавен сервис)
  • ТВ 24 Вести
  • ТВ Алфа

Медиумите се товарат за прекршување на членот 76-б од Изборниот законик, кој строго забранува емитување информации, фотографии или аудиовизуелни материјали поврзани со учесниците во изборите кои можат да влијаат врз одлуката на гласачите.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top