Македонија

Кој правел вулгарна шега со Киро Глигоров на настан на СДСМ

Првиот претседател оставил деликатно наследство во некои работи и лошо до таа мерка што го чувствуваме и денес, многу работи остави отворени во моменти кога имаше моќ да ги реши, името на пример

Новинарот Бранко Тричкоски кој важи за еден од идеолозите на СДСМ бара Фејсбук да не му ја брише објавата во која тврди дека на прославата на 35 години независност на Македонија организирана од СДСМ некој вулгарно се шегувал со првиот претседател Киро Глигоров и направил неподнослив филм за него.

Пораката му ја пратил на режисерот Никола Т. Кајалџиски но таа била избришана.

,,Драг Никола,
Филмот е неподнослив.
Сакав да ја напуштам салата, но се воздржав од почит кон настанот. Тоа таму не беше ниту патетика туку вулгагна зае*анција со темата, односно со Глигоров, со Македонија и со програмата на СДСМ за одбележување на годишнината од независноста. Ти препорачувам да го самобункерираш. Мојот осврт беше резултат на неподносливиот показ на најдефектното можно саморазбирање на Македонија. Жал ми е што нашето пријателство не беше во состојба тој изблик да го спречи. Поздрав”, пишува Тричкоски и бара оваа објава да не се брише.

,,Без бришење, молам!

По реакцијата на Никола Т. Калајџиски на мојот осврт на филмот “Глигоров од Македонија”, што беше прикажан во Македонската филхармонија во рамките на одбележувањето на годишнината од независноста на Македонија од страна на СДСМ, напишав еден одговор. Во меѓувреме симнати се и неговата реакција и мојата реакција на неговата реакција. Јас не поднесувам некој да пресудува за моите текстови така што ќе ги стави на куп со други и ќе ги прогласи за неподобни или нешто слично.
И затоа ја повторувам мојата реплика па ако во Мета сакаат нека ја симнат уште еднаш. Истовремемо очекувам да кажат по чие барање е изврешено споменатото бришење”, бара Тричкоски.

Предходно Тричкоски го пофали Филипче а го нападна Глигоров дека не бил решителен да ги реши работите од кои Македонија се уште трпи негативни последици.

,,Глигоров и Филипче од Македонија

На одбележувањето на 35 годишнината од независноста на Македонија што во организација на СДСМ сношти се одржа во големата сала на Македонската филхармонија, прво ми остави впечаток бројната публика со интересен состав. Дури мислам дека во салата немаше место за сите заинтересирани.
Второ, Филипче имаше добар говор со добри поенти и од животот и делото на Глигоров и во врска со актуелните предизвици пред Македонија со нагласка на драматичните разлики во видувањата меѓу власта и опозицијата. Критички интимиран говор со фини формулации упадливо различни од оние на владејачката партија кои се опремени со омраза, агресија и лоши намери кон Македонија. Кажа се без да се расправа или да фаќа кавга.
Битно беше да се покаже таа разлика драстична.
Ми падна драго дека овој настан ќе значи консолидација на неговата лидерска позиција и малаксување на аспирациите на други чинители на тој пост.
Филмот “Глигоров од Македонија” на Калајџисли и Филактов, кој со говорот на Филипче беше главен дел од одбележувањто на годишнината од независноста, е добра идеја и дело за консолидација на македонската идеја кај сите што не сакаат по тоа прашање да ги купуваат ефтините лижавчиња на вмро, туку сакаат да одат напред поаѓајки од реалните историки дострели на Македонија и од свеста дека ние мораме да му се прилагодуваме на светот, а не светот на нас.
Филмот обилуваше со патетичност, на моменти и баналности и со некаква агресивност во идејата да предизвика емоции и жар или жал за Мскедонија на еден класичен македонистички, би рекол, начин, во целината, со мингажата, со изборот на трилери за врзување на изјавите на Глигоров, со пресилната и предраматична музичка подлога итн. Глигоров само во ретки моменти имаше моќ да го привлече вниманието, другото беа општопознати, дури, би рекол банални работи кажани на начин кој не е во состојба да ја долови драматичноста и големината на настаните. Можеби затоа што драма и немало. Но од некакво визионерство немаше ниту трага ниту можеше да има затоа што се инсистира на Глигоров како мит, а не како важен политичар кој освен добри работи, остави и деликатно наследство во некои работи и лошо до таа мерка што го чувствуваме и денес. Многу работи остави отворени во моменти кога имаше моќ да ги реши. Името на пример. Мора да се има пореален пристап кон политичар чија држава по дваесет и кусур години од неговото заминување, е на работ на пропаста.
И на крајот воспевањето и восприемањето на неговато наследство и на некој начин сведувањето на тоа на паролата “Макединија е се што имаме” е плод на склоноста на Македонците кон бесмислени патетичности. “Македонија е се што имаме” и во своето буквално и политичко и симболичко значење е многу лоша формулација која ги деградира луѓето, а на Македонија и дава значење кое лебди во облаците и ја покажува нашата сиромаштија на духот”, пишува идеологот на СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top