Македонија

Кој спореди македонски новинар со убиениот Кирк и меѓу редови повика на убиство во Македонија

МВР има можност да го пронајде лицето кое стои зад коментарот кој е закана за новинарот

Кој е човекот кој спореди македонски новинар со убиениот Кирк и меѓу редови повика на убиство во Македонија е прашањето што се поставува откако на социјалната мрежа Х поранешен Твитер се појави коментар кој може да биде смртоносен.

Убиениот американски десничарски активист Чарли Кирк за профил на Твитер е пандан на уредникот на Радио Лидер Љупчо Златев.

Профилот Цандо Големиот кој на оваа социјална мрежа застапува идеи на СДСМ а ја критикува ВМРО-ДПМНЕ коментира дека убиениот Кирк е американскот Љупчо Златев и затоа вмровците биле потресени.

На ова Златев одговара:

,,И така, бот на СДСМ повика некој да ме упука во врат…”.

Американскиот активист беше убиен завчера откако претходно самиот беше мета на напади на социјалните мрежи.

Доколку Златев се почувствува загрозен а институциите проценат дека коментарот на ботот на СДСМ е повик за убиство МВР има можност да го пронајде лицето кое стои зад коментарот кој е закана за новинарот.

Најнови вести од: Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top