Македонија

Кој за што, СДСМ за Вучиќ: води хибридни војни на Балканот

Оттаму сметаат дека Македонија со Мицкоски станала заложник на туѓи интереси на Балканот, оценувајќи дека политиките на Владата ја оддалечуваат земјата од Европската Унија

Од опозицискиот Социјалдемократски сојуз (СДСМ) денеска соопштија оти премиерот Христијан Мицкоски и актуелниот министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ се извршители на хибридното дејствување на српскиот претседател Александар Вучиќ на Балканот.

Оттаму сметаат дека Македонија со Мицкоски станала заложник на туѓи интереси на Балканот, оценувајќи дека политиките на Владата ја оддалечуваат земјата од Европската Унија.

Партијата се повикува и на изјави од Црна Гора и ЕУ за наводни хибридни закани.

„ЕУ брза Црна Гора што поскоро да стане членка поради хибридното дејствување на Александар Вучиќ. Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ објави безбедносни информации оти затворањето на преговарачките поглавја на Црна Гора со ЕУ ќе биде следено од координирани хибридни напади. Комесарката Марта Кос изјави дека Европската Унија мора да има гаранции дека идните членки нема да се претворат во внатрешни ‘тројански коњи‘“, се вели во партиското соопштение.

СДСМ наведува и дека американски конгресмени бараат воведување санкции за Вучиќ поради, како што оценуваат, нарушување на демократијата во Србија.

Партијата го посочува и конгресменот Џо Вилсон, кој на платформата Икс напишал дека под претседателството на Вучиќ, Србија намерно се оддалечува од владеењето на правото и се приближува кон, како што ги нарекува, непријателите на слободата, меѓу кои ги споменува рускиот претседател Владимир Путин и Кина.

Според СДСМ, Вучиќ воведува електронско гласање, доделува пасоши и пријавува граѓани од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна Македонија во Србија, со цел да се подготви за, како што тврди партијата, изборна кражба.

„Како што зборуваме веќе со месеци, Мицкоски прави ‘копи-пејст‘ на сè што Вучиќ и сестринската партија СНС го прават во Србија. Медиумите се подготвени. Латас, човек на српските служби, води кампањи по методот на Гебелс, навреди, поделби, постојано повторување на ист навредлив термин за да се дехуманизира политичкиот противник. Стоилковиќ во Македонија отворено работи на кинеската и руската агенда. Навредува пратеници во Собранието, го велича Ратко Младиќ“, велат од опозициската партија.

Според СДСМ, сето ова е дел од иста кампања.

„Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група, да ја држат Македонија далеку од ЕУ, во изолација, а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија“, додаваат од партијата.

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

Мицкоски: Предложивме студентскиот оброк да се зголеми на 4.500 денари месечно, да се воведе дигитална М-услуга и можност за дополнителни попусти

Зголемување на субвенционираниот студентски оброк од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, можност за дополнителни попусти при купување храна и воведување посебна дигитална услуга преку апликацијата М-услуги, ова е предлогот што Владата им го презентирала на претставниците на студентските парламенти на сите универзитети, информираше денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска за младинските политики и студентскиот стандард.

Бланар: Словачка е против двојни стандарди за РМ во пристапувањето кон ЕУ! – Расте фрустрацијата кај кандидатките и ќе го изгубиме регионот!

Ние не можеме да прифатиме дека во европската интеграција која е поставена на ЕУ стандарди има различни критериуми за различни држави. Северна Македонија може да смета на големата поддршка на Словачка во евроинтеграцијата. Ова е наша улога којашто ја потврдивме уште на Самитот во Солун во 2004 година, но денес може да кажеме дека не […]

Муцунски: Непристојно е Бугарија-членка на ЕУ да биде прибежиште за осудени лица, мора да ги почитува врвните европски стандарди за владеење на правото!

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски упати остра порака до официјална Софија во врска со третманот на лицата кои избегале од македонското правосудство, со конкретен осврт на случајот со Ива Михајлова. Тој нагласи дека државите-членки на Европската Унија мора да ги почитуваат врвните европски стандарди за владеење на правото.

Мицкоски: По 6 месеци од најавуваните скандали за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал

Мицкоски посочи дека наместо најавуваните скандали од опозициската СДСМ, досегашните информации покажуваат дека средствата од унгарскиот кредит биле искористени за поддршка на економијата и на домашното стопанство, а тоа го потврди и извештајот на Државниот завод за ревизија

Најнови вести

To top