Македонија

Колкави ќе бидат казните за сообраќајни прекршоци регистрирани од „Безбеден град“?!

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите заради поголема лична и општа безбедност и за намалување на сообраќајните несреќи.

Министерството за внатрешни работи информира за сообраќајните прекршоци што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и за глобите за разни видови прекршоци:

Пречекорување на брзината на движење во населено место (дозволена брзина до 50 км на час, по исклучок до 70 км на час со знак):

до 10 км на час над дозволеното – 15 евра
од 10 до 30 км на час над дозволеното – 50 евра
од 30 до 50 км на час над дозволеното – 300 евра и забрана за управување возило од три до 12 месеци

Пречекорување на брзината надвор од населено место (130 км на час на автопат • 110 км на час на пат за моторни возила • 90 км на час на други патишта)

до 30 км на час над дозволеното – 20 евра
од 30 до 50 км на час  над дозволеното – 50 евра
од 50 до 70 км на час над дозволеното – 300 евра и забрана за управување возило од три до 12 месеци

Поминување на црвено светло:
Глобата е 250 евра

Забрана за управување од три до 12 месеци

Непрописно запирање и паркирање (пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации):

Во зависност од видот и тежината на прекршокот глобите се од 25, 40,150 и 180 евра

Учество во сообраќај со нерегистрирано возило (без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици):

Глобата е 500 евра

Ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена, глобата е 100 евра

Намалување на износот на глобите:

Ако плаќањето е во рок од осум дена, се плаќа 50 проценти од глобата
Ако има и забрана за управување, се изрекува во половина од пропишаниот рок.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите заради поголема лична и општа безбедност и за намалување на сообраќајните несреќи.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top