Македонија Бизнис

Колку проекти можат да се финансираат со 225 милиони евра од унгарскиот кредит?!

На двата повика на Министерството за локална самоуправа од општините пристигнале околу 1.200 апликации, а одобрени се 829 инфраструктурни и други проекти во вредност од 13.868.138.877 денари (225,5 милиони евра).

На општините им е потребен енергетски поттик за да заживее локалната економија и да се подобри квалитетот на инфраструктурата, покажала проценката на терен на Министерството за локална самоуправа. Министерот Златко Перински вели дека државата преку повеќе програми обезбедува средства за општините за реализација на мноштво проекти кои ќе го унапредат квалитетот на живот на сите граѓани.

Така, на двата повика што ги распиша ова министерство за распределба на средства од унгарскиот кредит, Перински вели дека преку Потпрограмата АА за инфраструктурни проекти на располагање се ставени 20 милијарди денари, а од општините пристигнале околу 1.200 апликации.

  • Во рамки на првиот јавен повик за 2024 година за финансирање се одобрени 288 проекти од областа на транспортот, животната средина, образованието, културата, спортот и социјалната политика. На вториот јавен повик кој заврши на 30 април годинава, пристигнаа 887 проектни апликации од 80 општини, за кои заврши фазата на евалуација. Притоа, одобрени за финансирање се вкупно 829 проекти во вредност од 13.868.138.877 денари (225,5 милиони евра). Овој исклучително голем одзив претставува јасен показател за високата заинтересираност на општините за инвестициски проекти и потврда дека одлуката на Владата за спроведување на оваа мерка е навремена, стратешки исправна и одговара на реалните потреби на општините – истакна Перински.

Понатаму,  преку Програмата за рамномерен регионален развој, во 2024 и 2025 година беа одобрени за финансирање 176 проекти насочени кон унапредување на развојот на планските региони, селата и урбаните подрачја, како и подрачјата со специфични развојни потреби.

Преку Програмата за намалување на диспаритетите меѓу и во рамките на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година, се поддржани за финансирање 38 проекти во вкупна вредност од 87.925.000 денари.

ако дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“, се реализираат активности во координација со Министерството за дигитална трансформација, со цел развој на целосен „патоказ“ за дигитализација на локалните услуги и изработка на каталог на Е-услуги за вклучување во националниот портал услуги.гов.мк.

Министерството за локална самоуправа во соработка со општините имплементира проекти финансирани од страна на  Делегацијата на ЕУ со цел да придонесе за локален економски и социјален развој. Осумте проекти се во завршна фаза на имплементација, со вкупна вредност од 336.762.274 денари.

Дел од проектите од оваа програма се: Иновативни дигитални општински решенија во општина Тетово, Чист Аеродром – Нула цврст отпад во Општина Аеродром,  Општина Охрид станува зелена, паметна, иновативна и Струмица – Паметен велосипедски град.

Министерството го финализираше текстот на Закон за изменување и дополнување на Законот за локална самоуправа, преку отворена и транспарентна постапка.  Предложените измени се во согласност со европските стандарди и се базираат на Извештајот на Венецијанската комисија од 2019 година, особено во делот на локалната демократија преку можност за отповикување на градоначалник.

Министерството работи активно и на формирање Ресурсен центар за поддршка на општините. Изготвена е физибилити студија, а фокусот е ставен на зајакнување на општинските административни капацитети, поддршка во проектен менаџмент и забрзување на дигиталната трансформација. Концептот за Ресурсен центар е усвоен од страна на Владата и се предвидени 5.000.000 денари во Програмата за децентрализација од буџетот на Министерството.

Во рамки на претпристапниот финансиски инструмент ИПА, Министерството за локална самоуправа го координира процесот на програмирање и имплементација на Програмите за прекугранична соработка со земјите соседи. Преку ИПА 3-инструментот за прекугранична соработка, се постигнуваат значајни резултати кои имаат директно влијание во поддршка на одржлив развој и зајакнување на добрососедските односи.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA

Најголемата библиотека во Истанбул, „Рами“, го освои првото место во категоријата „Проект од големи размери“ на наградите „Green Library Awards 2026“

Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се враќаат – речиси 1,5 милијарди евра доспеваат во 2027 година

Новата еврообврзница, чие издавање е планирано во 2027 година, е дел од навременото обезбедување пари финансирање на обврските на државата, меѓу кои и отплатата на значителен износ на стари долгови што достасуваат следната година, а земени од претходната Влада. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на опозицијата за ново задолжување на Владата од 1,3 милијарди евра.

На патот Охрид-Кичево синоќа загина кошаркарскиот тренер Антонио Савески (33) од Охрид, откако возилото му удрило во кучиња и се запалило

Тешка сообраќајна несреќа изминатата ноќ, што се случи на автопатот Охрид-Кичево, заврши со трагичен исход: животот го загуби 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, тренер во младинската школа на кошаркарскиот клуб „Ангели“.

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари.

To top