Македонија

Комисијата за буџет денеска ги разгледува измените за ДДВ на мали пратки

Предлог-измените на Законот за данокот на додадена вредност денеска во второ читање ќе се најдат пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Предлог-измените на Законот за данокот на додадена вредност денеска во второ читање ќе се најдат пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Со предложените измени се предвидува бришење на ослободувањето од ДДВ за увоз на пратки со мала вредност (до 22 евра) испорачани од странство кон приматели во земјата. Наместо тоа, ќе се воведе ново ослободување – но само за мали, некомерцијални пратки испратени од физичко лице до физичко лице, чија вредност не надминува 22 евра. Ова ослободување нема да важи за алкохол и алкохолни пијалаци, парфеми, тоалетни води, како и за тутун и преработки од тутун.

На дневен ред е и Предлог-законот за претворање на побарувањата на државата по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со спортските објекти во државна сопственост – Скопје, исто така во второ читање.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top