Македонија

Костадинов ќе оди самостојно на изборите?

Добивал стотици пораки со поддршка

Актуелниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, ја отвори можноста да се кандидира како независен кандидат за нов мандат, oткако СДСМ не го предложи за претстојните локални избори, по што тој го замрзна членството во партијата.

На социјалните мрежи, Костадинов сподели дека добива стотици пораки, повици, разговори – со прашањето: „Дали ќе се кандидираш како независен кандидат за градоначалник?“ Неговиот одговор е: „ Да, можно е, но оваа одлука не е конечна ова е мисла во зачеток“, напиша Костадинов.

Дополнително, вели, и дека не сака со ништо да им наштети на неговите другари (мисли на довчерашните сопартијци од СДСМ) со кои делел и добро и тешко, но не може да молчи пред енергијата што ја чувствува од граѓаните.

Најави дека одлуката ќе ја соопшти јавно за неколку недели – и таа ќе биде остра, конечна и целисходна. Зашто кога одговараш пред народот, вели Костадинов,  мораш да бидеш подготвен не само да победиш, туку и да ја носиш победата со чест.

СДСМ вчера ги соопшти имињата на 11 кандидати за градоначалници, а Костадинов повеќе не е нивен предлог за Струмица. Во овој град Социјалдемократскиот сојуз вчера го предложи Марјан Даскаловски, по што Костадинов објави дека го замрзнал членството во партијата. Информира дека одлуката ја донел со чесност и срце, со уверување дека СДСМ треба да се врати таму каде што и е местото. Костадинов , потоа, поради, како што рече, тешката состојба на неговата партија најави ново интерпартиско делување кое ќе почне да го креира во следните месеци, а ќе го презентира по локалните избори.

Најнови вести од: Македонија

Хоџа: Ќе има кривична и морална одговорност за загадената вода во Гостивар

Снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на системите за водоснабдување, собирањето и третманот на отпадните води се надлежност на општините и јавните општински претпријатија, вели министерот за животна средина

АХВ: Водата од гостиварскиот водовод не смее да се користи

Граѓаните доследно да ги почитуваат препораките на здравствените институции и локалната власт во однос на користењето на водата, сè до добивањето на конечните резултати и целосно нормализирање на состојбата

Друпади Мурму ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев, ќе ја посети спомен куќата на Мајка Тереза

Со највисоки државни и воени почести, претседателката на Индија, Друпади Мурму, која вчера пристигна во земјава, денеска ќе биде пречекана од претседателката на Македон ија Гордана Сиљановска-Давкова

To top