Македонија

Крај на дуополот: „ОНЕ Македонија“ доби 5Г-лиценца и официјално влегува на пазарот

„ОНЕ Македонија“ денеска официјално стана трет мобилен оператор во Република Македонија

„ОНЕ Македонија“ денеска официјално стана трет мобилен оператор во Република Македонија, откако Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) ѝ додели лиценца за користење на 5Г-радиофреквенциски спектар во опсезите 700 MHz, 1800 MHz и 3.x GHz.

Со оваа одлука, компанијата, која е подружница на унгарската групација 4iG, го завршува долгогодишниот процес за воведување на нов играч на телекомуникацискиот пазар и го прекинува дуополот на постоечките два оператора. Процесот започна во декември 2024 година, кога „ОНЕ Македонија телекомуникации“ поднесе писмо за намери до АЕК, а кулминираше со јавен тендер во 2025 година, на кој „ОНЕ Македонија“ беше единствениот квалификуван понудувач.

Директорот на АЕК, Јетон Акику, лично ги врачи трите одобренија на:

  • Пал Заранди, претседател на одборот на директори на „ОНЕ Македонија“ и директор на стратегии во групацијата 4iG,
  • Бране Ѓуровиќ, извршен директор на „ОНЕ Македонија“,
  • Габор Алтман, заменик-извршен директор во компанијата.

Очекувам сериозен удел на пазарот. Со спроведениот трансперентен и структуриран процес на тендерот се испраќа јасен сигнал дека Македонија е посветена на фер конкуренција, долгорочни инвестиции и развој на доверливи дигитални инфраструктури“ – рече Заранди.

Тој најави дека компанијата ќе гради сопствена автономна мрежа, независна од конкуренцијата, со ангажирање на експерти за истражување на пазарот и оптимално позиционирање. Сепак, во почетната фаза, додека сопствената инфраструктура не биде изградена, „ОНЕ Македонија“ ќе користи национален роаминг преку мрежите на постоечките оператори. Лансирањето ќе започне првично во Скопје, а потоа ќе се прошири на целата територија на државата. Компанијата веќе склучила договор со Ериксон за изградба на мрежата и се обврза да ги почитува сите домашни закони за безбедност и доверливост на мрежата.

Игор Бојаџиев од АЕК соопшти дека „ОНЕ Македонија“ на 14 јануари уплатила еднократен надомест од 8.020.003 евра, со што ги исполнила сите услови за добивање на одобренијата.

Според условите од тендерот, новиот оператор има јасно дефинирани обврски за постепено воведување на 5Г:

  • До крајот на март 2027 година – покривање со 5Г на барем еден град,
  • До крајот на 2028 година – главните сообраќајни коридори,
  • До крајот на 2030 година – сите градови во државата,
  • До крајот на 2032 година – можност секој граѓанин да има пристап до 5Г интернет со минимална брзина од 100 Mbps.

Овој чекор се смета за значаен за развојот на дигиталната инфраструктура, зголемување на конкуренцијата и потенцијално намалување на цените на мобилните услуги во земјата.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top