Македонија

Лажни пораки за сторен прекршок, ве тераат да платите 1500 денари

Ниту еден загинат на скопските улици во април, „Сејф сити“ дава резултати

Нула жртви во април во главниот град. Со оглед дека лани имало 8 луѓе кои го загубиле животот на скопските улици, целосен е ефекот од системот „Безбеден град“ за заштитата на човечките животи. Намалување бележи и бројот на жртви од сообраќајни незгоди од речиси 50 проценти во првиот квартал на територија на цела држава.

„Во првиот квартал од годинава пак, 26 луѓе го загубиле животот, а истиот период минатата година имало 47 жртви на територија на Македонија. Ако се земат првите три месеци кога стартуваше „Безбеден град“, бројот на загианти лица изнесува 38 минатата година споределно со оваа, 17 лица оваа година – рече Маја Арсовска Манов – Началник на Сектор за сообраќајни работи.

Значително е намелен и бројот на приговори до Кривичниот суд. Од таму велат дека во април неколку пати помалку граѓани,  поднеле приговор дека не го направиле прекшок кој го регистрирале камерите.

„Во месец април 2026 година, до Основниот кривичен суд Скопје поднесени се вкупно 38 приговори, односно барања за поведување прекршочна постапка пред суд, од кои 6 се приговори од правни лица и 32 се приговори од физички лица. Со почит, Основен кривичен суд Скопје“ соопштија од Кривичен суд Скопје.

За директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, статистиката од судот е показател дека граѓаните се свесни кога ќе направат прекршок. Според него значително е намалувањето и на сообраќајки со тешки телесни повреди и голема материјална штета.

„Во првиот квардат годинава споредено со лани, значително е намален бројот на жртви на територија на цела држава, што значи дека овој проект е успешен. Успешен е и кога ќе спасиме барем еден живот.  Во однос на приговорите до Кривичен, тоа значи дека системот е кридибилен, тоа значи дека ние сме свесни за нашите прекршоци и навистина знаеме да се однесуваме европски, иако сме дел од Македонија и Балканот. Меѓутоа верувајте, дека сето ова што го правиме и како МВР и како Влада не го правиме за нас, туку за сите граѓани“ рече директорот на БЈБ, Јанев.

Деновиве до граѓаните се почесто стигнуваат и лажни пораки преку странски броеви за наводно регистриран сообраќаен прекшок и се бара наплата од 1500 денари од палтежна картичка. Од МВР апелираат граѓаните да бидат претпазливи и да не споделуваат свои лични податоци.

izvestuvanje-za-zacestena-pojava-na-izmamnicki-poraki-za-naplata-na-soobrakjajni-prekrsoci-image-WXSd.jpg
izvestuvanje-za-zacestena-pojava-na-izmamnicki-poraki-za-naplata-na-soobrakjajni-prekrsoci-image-3Q3k.jpg

„Измамата ја вршат на тој начин што, откако лицата ќе кликнат на линкот оставен во пораката, истиот води на лажна веб страна на МВР каде што бараат да ја внесете Вашата регистарска табличка од Вашето возило и потоа Ве носи на нов прозорец каде ви е регистриран прекршок и Ви бараат наплата од 1500 денари за истиот. Апелираме до граѓаните да бидат претпазливи…“ апелираат од МВР.

Инаку, безбедносниот систем се имплементира во Велес, а потоа ќе се поставуваат камери во Охрид и Струга, а до крајот на годината ќе бидат опфатени и другите поголеми градови. Досега камери регистрираат прекршоци во Скопје, Тетово и Куманово, и коридорите 8 и 10Д, а според најавите „Сејф сити“ ќе се стави во функција на цела територија на државата до крајот на годината.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

Ѓула Челику: Длабока е болката кога Албанците од „РСМ“ се етикетираат како Македонци, не треба да ја забораваат Албанија без оглед каде живеат!

„Длабока е болката кога Албанците од С.Македонија се етикетираат како Македонци, како да е нашиот национален идентитет административен избор, или прашање, кое другите можат да го одлучат за нас. Но, болката станува уште поголема кога ова негирање е прифатено, поддржано или промовирано од оние, кои треба да го бранат албанството!“ – пишува Ѓула Челику во својата колумна со наслов „Да бидеш Албанка од С.Македонија“, која ја објави информативната агенција на албански јазик „Илирија-ИНА“ од Скопје. Ѓула Челику е доктор по политички науки, професорка во државниот универзитет во Тетово, основач и претседател на политичката партија Европско граѓанско движење во Република Македонија

To top