Македонија

Лефков: СДС води поданичка политика, диктирана од Бугарија! – Дејствува синхронизирано со тамошни структури за темата на државјанствата!

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во изјава за медиумите остро ја критикуваше политиката на СДСМ, обвинувајќи ја за, како што рече, „синхронизирано дејствување со структури од Бугарија“ во врска со прашањето за државјанствата.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ обвинува и за координирани напади околу темата за државјанства и отвора прашања за „златни визи“. „Од авион се гледа синхронизираноста на темата за државјанствата меѓу структури од Бугарија… за разлика од патриотизмот и непопустливоста на ВМРО“, изјави Лефков, додавајќи дека СДСМ, според него, води „поданичка политика“. Тој тврди дека ваквата координација произлегува од, како што рече, „бројни бизниси преку бугарски сметки на луѓе од врвот на СДС“ и оцени дека „некој како да ги има фатено за врат и тие мора да спроведуваат“.

Лефков обвини дека кога Бугарија има потреба од одредена тема во својата јавност, „СДС истиот ден изутрина на прес ја сервира таа услуга“, оценувајќи дека процесот за државјанства е претворен во „циркус и пародија“. Во изјавата, тој отвори и прашање за таканаречените „златни визи“, алудирајќи на документи за престој во странство кај високи функционери. „Може ли сега да побараме да нема златни визи или документи за жителство какви што има првиот човек на СДС во Дубаи?“, праша Лефков, додавајќи дека ваквите документи „создаваат сомнеж дека би можеле да се употребат за бегство од државата поради коруптивни дејства“.

Според него, ваквата политика е „незрела и по диктат, а не согласно соинтересите на Македонија“. „Ова е одвратно и може да создаде дополнителни предизвици во односите, но и штети за Македонија“, изјави Лефков. Тој заклучи дека, како што рече, „нивото на апсурд“ во однесувањето на СДС остава простор за „пародични ситуации“ во државата.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

Во пресрет на грејната сезона – парно, струја, дрва: Што најмногу го празни џебот?!

Најефикасното, но и најскапо современо решение е топлотна пумпа систем воздух-вода. Оваа инвестиција бара помеѓу 6.500 и 9.000 евра, иако потоа месечната потрошувачка на струја за целата куќа е приближна на трошокот за два инвертер уреди. За домаќинствата кои немаат буџет за вакви системи, поставувањето на три поквалитетни инвертер клими со инвестиција од околу 2.500 евра.

Секоја десетта цигара во ЕУ е нелегална, црниот пазар ја опфаќа и Македонија

Предизвик за европските институции не е само растот на нелегалното производство, туку и неусогласениот начин на кој земјите му се спротивставуваат. Националните системи за контрола и спроведување значително се разликуваат, кривичните дела и казните не се доволно хармонизирани, а и натаму постојат празнини во соработката и размената на информации меѓу надлежните институции.

To top