Македонија

Лидерска средба утре во Клубот на пратениците за реформските закони, укинување на „Пржинската влада“ и други актуелни политички теми

Во Клубот на пратениците утре ќесе одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието, на која, како што е најавено, ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата.

Од трите опозициски пратенички групи, засега потврда за учество има само од Левицата, а лидерот на СДСМ, Венко Филипче, уште веднаш го одби повикот на Мицкоски за консензус за клучните прашања за државата. Од коалициските партнери во Владата на средбата се очекуваат претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, а од коалицијата „Вреди“, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. ДУИ денеска попладне на седница на генералниот совет на партијата ќе донесе одлука дали нејзиниот лидер Али Ахмети ќе учествува на состанокот откога партијата вчера одржа седница на претседателството на генералниот совет, на која се дискутирало за актуелните политички теми и за прашања за внатрепартиската организација.

Како што информира на денешната прес-конференција координаторот на пратеничката група на „Вреди“, Беким Ќоку, коалицијата на лидерската ќе биде претставена од Биљал Касами. – Ние ја прифативме поканата и одлучивме да одиме на лидерската средба. Таму ќе присуствуваме јас како координатор и Биљал Касами како еден од лидерите на „Вреди“. Во поканата нема конкретни прашања – рече тој. Во однос на „Пржинската влада, Ќоку нагласи дека „не ѝ прилега на една земја што преговара за влез во ЕУ да има техничка влада“, но и оти „земјата на локалните избори докажала дека и без пржинска влада може да организира фер и демократски избори. 

Партијата Левица условува дека прифаќа да се укине техничката влада, но „само ако се воведе една изборна единица“. Пратеникот Амар Мециновиќ вчера на прес-конференција во Собранието информира дека Левица ќе присуствува на најавената лидерската средба. Лидерската средба ја поздравија и ЛДП и ДОМ. ЛДП преку соопштение изрази подготвеност да присуствуваат на најавената лидерска средба, но не само за укинување или задржување на техничката влада, како што истакнаа,  „како изолирана и празна тема туку заради одговори на клучните прашања, кои директно го засегаат животот на граѓаните“. Од ДОМ ја поздравија можноста за дијалог за суштински политички консултации за важни реформски закони и процеси, кои треба да ги зајакнат нашата држава и демократијата и повикаа на агендата да се стави и да се разговара и за една изборна единица и отворени листи без изборен праг.

За клучните прашања за државата, Мицкоски рече дека очекува консензус од лидерствата на сите парламентарни коалиции, како и дека дневниот ред може да биде проширен и дополнет од страна на другите. Да разговараме за изборот на народен правобранител. Да покажеме зрелост дека како политичари и како држава разговараме отворено на сите тие теми во врска со нашата цел – ЕУ и за законите што треба да се донесат. Ајде да седнеме и да разговараме. Јас не би сакал да влегувам во укинување на техничката влада без консензус затоа што тоа е политички некултурно, а ваков тип на измени во политичкиот систем треба да се носат со консензус. Ако велиме дека техничката влада е некаков имплант, ако велиме дека техничката влада можеби има проблеми и со уставноста, го кочи системот, не му дава доволно простор за маневар, ајде да ги направиме и тие измени.“ – нагласи премиерот Мицкоски.

Откога Филипче одби, премиерот Мицкоски рече дека мислел оти ќе се покаже зрелост и широчина. Тема на лидерската средба е само Законот за Владата. Ако ние се однесуваме неодговорно, како што се однесува тој, нам не ни е потребна лидерска средба, ние со 61 глас може да ја избришеме техничката влада, не ни е потребно мислењето на опозицијата. Но, сакавме процесот да биде сеопфатен. Сакавме да поразговараме и за Изборниот законик, Законот за Јавното обвинителство, Законот за јавнообвинителската и судската служба, Законот за Советот на јавните обвинители.“ – рече Мицкоски.

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција на 8 јануари го одби повикот за лидерска средба за укинување на техничката влада, тврдејќи дека, наводно, „Мицкоски бара алиби за распишување предвремени избори“. Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ја поздрави иницијативата на претседателот на Владата за лидерска средба оценувајќи ја како „можност сите релевантни политички фактори да покажат одговорност кон државата и граѓаните“, а одбивањето дијалог од СДСМ, како што рече, е „признание за слабост“.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top