Македонија

Локален лидер на Левица го напушти Апасиев, се извини што ги довел граѓаните во политичка заблуда

Не сака да биде дел од партија која спроведува негативна селекција

Локален лидер на Левица во Прилеп Атанас Белокоски го напушти лидерот Апасиев и партијата Левица и се извини што ги довел граѓаните во политичка заблуда.

Белокоски вели дека жали што граѓаните ги насочил на погрешна  политичка опција Левица.

,,Почитувани сограѓани, поранешни сопартијци

🚩ОД ОВАЈ МОМЕНТ, ЈАС НЕ СУМ ПОВЕЌЕ ЧЛЕН НА ЛЕВИЦА !

 

Ви се обраќам на сите со извинување што сум ве довел во заблуда и сум ве усмерил за одредена погрешна политичка опција.

Не сакам и нема да бидам дел од партија која се залага за правда и “мерит-систем”, а во сопствените редови спроведува негативна селекција !

Очигледно е дека сеуште во Македонија се нема родено лидер на политичка партија кои ќе мислат за доброто на народот !

Сите политички партии, повеќе од 30 години, се борат за власт само за свои приватни интереси !

ПРОДОЛЖУВАМ ВО СВОЈАТА БОРБА ЗА ПРАВДА И БАРАМ ПОДДРШКА ОД СИТЕ ЧЕСНИ ЛУЃЕ КОИ ЈА САКААТ СВОЈАТА ТАТКОВИНА, НО НЕМА ДА БИДАМ ЧЛЕН ВО НИТУ ЕДНА ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА !

ВРЕМЕ Е НАРОДОТ САМ ДА ЈА ЗЕМИ СУДБИНАТА ВО СВОИ РАЦЕ !

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА !!!”, пишува Белокоски.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

To top